fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Како невидливите сезонски работници во земјоделството да го легализираат својот труд пред државата

Позитивни искуства за пријавување на сезонските работни дава примената на ваучер системот кој се применува во Србија

Еден од најголемите проблеми во земјоделството кој се повеќе се наметнува и за кој мора да се бара решение е недостигот од работна сила и начините и можностите како оние сезонски работници кои ќе се најдат како нивната работа да биде законска и видлива пред институциите. Онаму каде е можно земјоделците полека со дополнителни инвестиции се преориентираат на механизирање на работните процеси но често тоа и не е можно, па потрагата по сезонската работна сила станува се потешка. Но клучно прашање за кое државата треба да најде модел е како сезонските работници од неформални да прејдат во формални и да ги добијат сите бенефиции. На оваа проблематика своја опсежна студија е изработена во рамките на проектот „Зголемување на можностите за вработување на сезонските работници од регионот на Југоисточна Европа“. Проектот го спроведува Германското друштво за меѓународна соработка и НАЛЕД од Србија а центарот за истражување и креирање политики – Скопје (ЦИКП) е локален партнер од  Македонија. Студијата на политики е насловена „Од сенка, во видлив сезонски работник во земјоделството: причини, предизвици и модели за формализација на сезонскиот труд во земјоделскиот сектор“.

 

Основна цел на проектот е да ја зголеми можноста за вработување во регионот на ЈИЕ преку примена на флексибилен модел за вработување на сезонски работници и работници за привремена работа. Во таа насока беа поставени и целите на истражувањето кое се спроведе во РС. Македонија.

-Во истражувањето фокусот го ставивме на земјоделството, бидејќи претставува значаен економски сектор во земјата кој на посреден и непосреден начин учествува во создавањето на бруто-домашниот производ, дополнително, благосостојбата на значаен дел од населението зависи токму од работа во земјоделството. Нашето истражување покажа дека најголем број сезонски работници работат во земјоделството, а само мал дел од нив се пријавени за својата работа рече Кристијан Трајковски од центарот за истражување и креирање политики

Имајќи предвид дека земјоделството не претставува конкурентна дејност, згора на тоа работните ангажмани се кратки и непостојани, работниците повеќе сакаат да работат сигурна работа дури и за помал финасиски надоместок за својот труд или да заминат во земјите од Европската Унија. Заради тие причини се јавува сериозен недостаток на работна сила, а работодавачите се принудени да ги ангажираат сите работници кои се подготвени да работат, а тоа често се категории на лица кои формално не можат да бидат пријавени за својот работен ангажман, а во суштина вршат сезонска работа. Неформалниот труд во оваа дејност, главно е врзан за малите работодавачи, а тоа се индивидуалните земјоделци и семејните земјоделски стопанства кои немаат ниту финансиски, ниту административен капацитет да ги спроведат сите постапки.

-Постапката за пријавување е обемна и одзема многу време, а за користење на електронскиот систем на е-Работа управуван од агенцијата за вработување потребен е дигитален сертификат. Додека дигиталниот сертификат е скап за поголемиот број земјоделци, главниот проблем е во самиот систем за е-работа, кој е достапен за користење само за правни лица, што оневозможува да го користат индивидуални земјоделци. Од друга страна, работниците не се евидентирани во посебен регистар за работници кои вршат сезонска работа. Со тоа нивната можност за работен ангажман во текот на сезоната е намалена. Како работници повеќе им одговара да бидат пријавени, но истовремено не сакаат да ги загубат стекнатите финансиските придобивки за краток работен ангажман од неколку дена додава Трајковски.

Се поставува прашањето како да се реши проблемот со високиот степен на неформален труд во земјоделството. Во земјите од Европската Унија веќе се применуваат различни модели за ангажирање работници за кратки работни ангажмани, вклучително и оние кои се од сезонски карактер. Треба да се напомне дека овие модели немаат за цел да ги заменат стандардните облици на вработување, туку позитивно да се одразат врз намалување на неформналното ангажирање работници, како и врз животниот стандард на определени категории лица кои на овој начин се стекнуваат со можност во рамки на формалната економија да остварат дополнителен приход со кој ќе ги задоволат своите потреби за живот. Воведувањето можност за пријавување на работниот ангажман, кој нема да подразбира вработување, има цел да ја намали практиката на нерегистрирано ангажирање работници, при што ќе овозможи подмирување на дел од придонесите за работниците, како и плаќање на персонален данок кон државата. Од друга страна, се намалува административниот товар којшто го имаат работодавачите при ангажирање на работници за краток временски период. Работодавачите може да управуваат со потребите за човечки ресурси на флексибилен начин, имајќи го предвид нестабилниот карактер на нивната работа, како што тоа е случај со секторот на дејност земјоделство.

Како позитивен пример и искуство од кое може да имаме корист  е системот кој од 2019 година започна со примена во Република Србија. Имено, во Србија се воведе нов систем за ангажирање сезонски работници во земјоделството. На работодавачите им се овозможува флексибилноста бидејќи овој модел е заснован врз концептот за ваучер-системот, но со подобрувања и примена на софтверско решение за брзо и едноставно пријавување на работниот ангажман. На овој начин се овозможува подобра и поефикасна размена на податоци меѓу надлежните институции, како и подобра контрола од страна на надлежните инспекциски органи. Целта е да се овозможи поволен начин за управување со потребите за човечки ресурси кои ги имаат работодавачите во услови на нестабилен пазар на труд, но и да се заштитат работници, односно да се стекнат со право на здравствено осигурување при повреда на работното место, како и да се зголеми можноста за нивно вработување преку евидентирање во регистар за сезонски работници.

-Заради спецификите на состојбите во нашата земја се препорачува воведување на овој систем за електронска пријава, со тоа што дополнително ќе се овозможи повисок степен на флексибилност преку дорегулирање на Законот за работните односи. Потребно е одвојување на овој вид ангажман од работниот однос, а тоа може најдобро да се направи преку донесување ново законско решение со кое ќе се уредат низа прашања за непречено спроведување на новиот модел кој ќе придонесе кон решавање на проблемите на работниците и работодавачите во секторот на дејност земјоделство. Значајна придобивка од сето ова ќе биде воведувањето регистар за сезонски работници кој во услови на нестабилна понуда на труд, ќе биде значајна алатка за вкрстување на побарувачка и понудата за сезонски работници додаде Кристијан Трајковски од центарот за истражување и креирање политики.

З.Б.

 

 

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close