Kако „Пелистерка“ оствари чист профит од половина милион евра
Одлично се живее и се заработува од полнење на вода и производство на освежителни пијалоци.
Одлично се живее и се заработува од полнење на вода и производство на освежителни пијалоци. Тоа барем го покажа Билансот на успех на битолската компанија „Пелистерка“, која за првите три квартали од годинава прикажа трикратно зголемување на добивката, или за близу 200 проценти, пренесува Фактор.
Имено, во периодот од јануари заклучно со септември оваа година, ова битолско акционерско друштво остварило чиста добивка од 484 илјади евра, што е заголемување за 195 отсто во однос на истиот период лани.
Компанијата освен своите финансики извештаи до Берзата нема доставено и образложение за својот деловен резултат, па затоа треба да се разгледаат поединечните ставки од Билансот на успех на ова битолско претпријатие.
Во првите девет месеци од годинава „Пелистерка“ наплатила од оперативни приходи 5,33 милиони евра, што всушност се приходи од основната дејност на компанијата. Во однос на истиот период лани, тие се зголемени за 6 проценти.
Речиси сите овие пари се наплатени како приходи од продажба, и притоа треба да се има предвид дека најголемиот дел од продажбите и приходите се остварени на домашниот пазар, односно од домашните потрошувачи. Тие и донеле на компанијата прилив од 4,63 милиони евра, а во однос на истиот период лани тоа е зголемување за четири проценти.
Иако се значајно помали како сума, приходите од продажба на странски пазар имаат голем пораст. Или, тие и донеле на компанијата прилив од 692 илјади евра, што е зголемување за 21 отсто во однос на истиот период лани.
Кај другите приходи кои се и значително пониски како ставка, има значително намалување.
Расходната страна пак, покажува намалување во однос на истиот период лани, и тоа за 11 проценти, односно остварени се оперативни расходи на сума од околу 4 милиони евра.
Најголемата трошочна ставка отпаѓа на трошоците за суровини и други материјали, кои биле на износ од 2,26 милиони евра, но и кај нив во однос на истиот период лани има намалување за 15 проценти.
Останатите трошоци од работењето, пак, се зголемени за 30 отсто.https://faktor.mk/