fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Како пиењето пиво може да ви помогне да ослабнете?

Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, но протеините заситуваат, па луѓето јадат помалку.

Луѓето можат да пијат пиво, а сепак да ослабат, тврдат научниците во новото истражување, но само ако со алкохолот грицкаат храна богата со протеини како јаткастите плодови.

Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, но протеините заситуваат, па луѓето јадат помалку.

Во студијата, две третини од учесниците избрале храна богата со протеини, но ниска со јаглени хидрати и масти.

Тие консумирале во просек 1.749 калории дневно – вклучувајќи ги и оние од алкохол. Тоа било 577 калории помалку од она што е потребно за одржување на моменталната тежина.

Другата третина избрала солена храна со ниска содржина на протеини како што се колбаси, чипс и бисквити и консумирала во просек 3.051 калории – 813 повеќе од потребното.

Водечката авторка на студијата, д-р Аманда Греч од австралискиот универзитет во Сиднеј вели:

„Сакавме да откриеме дали луѓето избираат солена храна со поголема содржина на протеини кога пијат алкохол, и ако го прават тоа, дали нивниот ефект на ситост води до помалку калории во целина“.

Најновата студија е првата која ги земала предвид другите компоненти на исхраната. Наодите се засноваат на 9.341 лице од Австралиското национално истражување за исхрана и физичка активност.

Д-р Греч додала: „Кога консумирате алкохол и ви е зголемен апетитот, погрижете се да изберете погрижете се да изберете поздрави посни протеини“.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close