fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Како започна кавгата меѓу Макпетрол и државата околу ГА-МА и на што се потрошија 15 година без гасификација?!

Уште во 1989 и 1990 година кога Макпетрол е претпријатие во 100% државна сопственост се започнува со вложување во гасоводната мрежа.

На што Макпетрол и државата потрошија 15 години во кавги и судски спор, а заглави гасификацијата на земјава? Приказнава почнува од многу поодaмна. Уште во 1989 и 1990 година кога Макпетрол е претпријатие во 100% државна сопственост се започнува со вложување во гасоводната мрежа.

Државата ја избира државната компанија Макпетрол да го менаџира процесот на гасификација на земјава. За таа цел државата на сметка на оваа претпријатие уплаќа околу 30 милиони долари и државното Макпетрол започнува со инвестирање во гасовод. Во периодот од 1993 до 1995 се изградени градските гасоводни мрежи во Скопје (отпочнато 1993год.), Куманово (1994 год.), Кратово (1995 год.) и Крива Паланка (1995 год.) и мерно-регулациони станици за корисниците од првата фаза. Градбата на оваа фаза завршува во 1997 год. Започнувањето на изградениот гасоводен систем е започнато на 03.09.1997 год. во месноста Жидилово.

Во меѓувреме доаѓа до приватизација на Макпетрол. Влогот на државата од 30 милиони долари за гасификација во сега веќе привитизираното Макпетрол останува и никој не му го спори.

Во јули 2006 година со Одлука на Владата е формирано Акционерско Друштво „ГА-МА“ за пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас кое треба да ја води гасификација на Македонија. Макпетрол и државата не може да се договорат кој го има одлучувачкиот глас во ГА-МА, па кавгата се пренесе на суд.

Државата поднесе тужба против Макпетрол. Тужбата содржеше три точкиhttps://pari.com.mk/kako-zapocna-kavgata-megu-makpetrol-i/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close