fbpx
ВестиТоп вести

Прскалките на Агромеханика неопходни во современото земјоделско производство

 

Во своето 5 децениско постоење производите на Агромеханика  ја потврдија неопходноста од употреба на современа земјоделска механизација. Прскалките од оваа фирма се најпродаваните производи не само во нашата држава туку и пошироко

„Се е во луѓето. Со нив се‘ почнува и завршува. На почетокот секогаш стојат визионери кои веруваат во своите идеи  и својата работа и животот го подредуваат според зададената цел. На патот стојат препреки и потешкотии, а некогаш тие траат, траат… Еден од таквите визионери бил Фридерик Лазар – идеен татко на Агромеханика“.

Ова беше речено на големата прослава што Агромеханика од Крањ, Словенија  ја организираше по повод големиот јубилеј 50 години постоење. Во присуство на бројни гости, вработени и деловни пријатели со голема свеченост беше проговорено за почетоците и успесите што оваа компанија ги постигна во текот на своетѕо 50 годишно постоење. Зелена берза беше дел од поканетите медиуми  од регионот и присуствуваше на свеченоста.

Историјат на Агромеханика

 

Роден е во 1931 на мал посед во Жири. На почетокот од шеесеттите години се преселил во Крањ. Земјоделството му било во крвта и затоа се вработил во Земјоделски комбинат на фарма во Жабница. Многу се итересирал за работа со  механизација. По неколку години , во 1965 година, му се прикажала прилика и продолжил со работа во сервис за земјоделска механизација во Шенчурија каде се бележат првите почетоци на Агромеханика.

Во тој период започнала модернизација на земјоделството. Животните за влечење се заменувале со трактори. Тогашното производство било мало . Најтешко му било на селаните во ридските предели кои немале соодветна механизација.  Фридерик потекнува од ридест предел и точно ја знаел ниваната проблематика.  Имал голема  желба и волја  да пронајде начин за  олеснување на работата на селаните по ридестите краишта во Словенија.Фабриката Томо винковиќ во Бјеловар почнала со производство на трактори. соработниците ги уверил дека почнала фабрика  со продажба и сервис на марката Томо Винковиќ во  Бјеловар. Тракторот бил идеален за работа на ридест терен, бил мал, со ниско тежиште  и со хидрауличен состав. Ниту еден приклучок на стандардниот трактор ИМТ, кој бил најголем производител на трактори во Југославија, не одговарал на оној од Тома Винковиќ.

Во 1968 година била донесена одлука – започнуваме со производство на земјоделоски машини за тие трактори.  Првиот производ била спојка за приколка, после тоа култиватор, брани ….Се’ одело  многу брзо.

Во состав на земјоделскиот комбинат се формирала нова единица Агромеханика. Имала две дејности: трговија со земјоделска механизација и резервни делови и производство на земјоделски машини. На почетокот од седумдесеттите години Агромеханика отвора  продавница за машини и резервни делови во Крањ. Фабриката се сели на поголем простор.

Организирано е  кооперантско производство и направена е  првата  прскалка за трактор Тома Винковиќ. На новата локација во Златно поле  проширена е  продажната програма со Урсур трактори, Торпедо Deutz и Фијат Шторе. Се започнува со сериско производство на  техника за прскање од 200 до 500 литри и за поголеми трактори.

Бидејќи земјоделскиот комбиант бил  насочен кон производство и преработка на храна (производство на жито, млеко, месо, преработки од млеко, кланица итн ) уште не било планирана продавница и производсвто  на земјоделска механизација. Постојано се појавувале тешкотии и спротивставувања.  Во состав на комбинатот  била основана фирмата Агромеханика(во тогашниот состав ТОЗД Агромеханика). После пропаѓањето на свињарската фарма во Храст надлежните не знаеле што да прават и кон крајот на седумдесеттите  дел од фармата ја презеде Агромеханика. Во 1980 година протече производството.

Започнала  соработка со фабриката за трактори ИМТ од Белград и стануваат застапници за Словенија. Се ределе посети и изложби на сите поголеми саеми низ Југосславија . Освојувавме секогаш со прскалките до 2000 литри, велат од Агромеханика.

„Започнавме да отвораме продавници низ цела Југосалвија (Марибор, Крижевац, Бјеловар, Дрвента,Печинец,Бар). За продажба на нашите производи имавме продажни договори со најголемите трговски куќи во тогашна Југославија (Агротехника, Полјоопскрба, Аутомакедонија, ИМТ). Годишно изработувавме околу 15 000 прскалки.  Камионите ги преуредивме на катови за превозот да може да биде порационален.  Во 1984 година започнавме со извоз во Полска, помеѓу 4000 и 5000 парчиња прскалки годишно. Тогаш годишното производство достигна  до 20 000 парчиња.  Многу вложувавме во развој. На почетокот бевме зависни од увоз на пумпи, регулатори, вентилатори  и дувалки за прскалки, машини до 2000л. Имавме сопствени машини за обработка, зпочнавме со извоз во Русија, делумно во Австрија, Грција…“ се вели во историјатот за фабриката.

На 1.06.1986 година во фирмта избило  пожар. Сите залихи на материјали и производи билеуништени во  пожарот. До 30.07 1986 во Полска  биле испорачани  200 парчиња прскалки.  Повторно се покажала  како неуништива , волјата и единството на колективот.  Истовремено со обновата на фабриката успеале  да ги исполнат  договорените обврски кон купувачите. Следната година  санирана е  штетата и производството се одвива во нови простори.

Продажната  понуда е збогатена со  дво и четвороредна машина за садење. Во една година во Алжир испорачани се  400 парчиња.  Се изработуваат нови  нови пумпи  БМ 15/20 и на годишно ниво се продаваат  по 3000 патрчиња со Томос бензиски мотор. Со вградување на клипната пумпа на машини за Русија во 1988 година направен е уштееденваженчекор.

Транзиција исполнета со многу предизвици

„Во 1989 годинадоаѓа до политички промени во тогашна Југославија. Политичките односи беа се послаби што се одрази врз стопанството. Во 1991 година по распадот на Југославија доаѓа до промена во Источна Европа , изгубивме повеќе од 50% од пазарот. Имавме значително намалено производство. Во трговскиот оддел изгубивмедва големи добавувачи на трактори: од Хрватска Томо Винковиќ (годишно продававме од 2000 до 3000 трактори) и Србија ИМТ (годишно продававме до 2500 трактори). Изгубивме голем број од нашите експозитури низ Југославија. Ни остана само Бјеловар во Хрватска, Крањ и Марибор во Словенија. Тоа за Агромеханика беше голем удар. Работниците ги вработивме  така што во фабриката извршувавме  различни работи за одржување и градежни работи.  Воедно интензивно баравме нови пазари. Почнавме да продаваме во Унгарија, Чешка, Австрија…

Започнавме  соработка со италијански производител на трактори Антонио Караро и полскиот Урсус, подоцна и со фабриката Рено од Франција. Отворивме нови експозитури  во Словенија, Мурска субота и Брежице.“

„И покрај  тешката ситуација  почнавме со развој и производство  на трактор  АГТ 830. Сите сили ги насочивме кон развој на производството. Се специјализиравме повеќе на техника на прскање со трактори. Престанавме со производство на садачки за садници и компири…“

„Ги следеввме Европските насоки и технички норми. Конструиравме и изработувавме нови прозиводи, се појавувавме на разни саеми по светот и освојувавме нови пазари. Во тој период Агроемханика  се приватизира  и е единствена од претхнодниот комбинат каде имаше 10 фабрики и ја преживеа транзицијата.“

„По смирување на политичката состојба на просторите на бивша Југославијапосле 1995 година веднаш почнавме со нови бизнис врски. Брзо се вративме на просторите  кои и ден денес се важни за за продажба  на нашите производи“.

По 2000 година започна ново поглавје во Агромеханика. Во производството воведени се  нови  CNC машини и се градат нови производни сали. Се воведува  нова ласерска технологија и  се употребуваат нови машини  со цел да се одогвори на потребите.

Во 2003 година  се започнува  соработка со DeutzFahr. Во Словенија се прадаваат  трактори DeutzFahr  и приклучна механизација за складирање на сено. Во 2008 година  се  надополонува  програмата  со производи од полската фирма Pronar со приколки, снежни плугови, комунална програма.

Агромеханика денес

ДенесАгромеханика е присутна на пазарите во Европа , во 25 држави, Русија, Австралија, Јужна Кореа, Иран. Седиштето на фабриката е  во Храст на 55 000 м2 површина, од тоа 30 000м2 се покриени, со годишен промет од околу 22 милиони евра .Има 4 продажни центри во Словенија и фабрика во Хрватска и Унгарија.

„Ако сакаме да останеме во чекор со времето и конкуренцијата, во иднина мораме да истраеме по нашиот плниран пат. Тоа значи: заедно со вас, нашите бизнис партнери, на пазарот да понудиме нови, модерни и квалитетни машини“ беше речено на свеченоста по повод 50 годинипостоењенаАгромеханика.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close