fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Каков имот поседуваат македонските политичари-јавноста сега може да ѕирне

Од уметнички слики, до куќи од 400 квадрати, градежно земјиште и по неколку автомобили во својот возен парк - ова се само дел од податоците коишто министрите ги навеле во анкетните листови

Каков имот поседуваат?

Од уметнички слики, до куќи од 400 квадрати, градежно земјиште и по неколку автомобили во својот возен парк – ова се само дел од податоците коишто министрите ги навеле во анкетните листови, коишто се објавени и на веб-страницата на Владата. Фунционерите се должни да ги ажурираат податоците и при стапувањето и при заминувањето од функцијата и да ја известат Државната комисија за спречување на корупцијаат за секоја промена во својата имотна состојба. Дел од нив ги почитуваат законите, за оние коишто нема да го обелоденат својот имот – следат опомени и казни.

Според анкетните листови објавени на страницата на Владата, премиерот Заев поседува деловен простор, земјоделско земјиште, куќа, стан, акции, како и орочени девизни средства на две сметки во банка. Според пријавата, станува збор за имот на неговите родители, како и за имот на неговата сопруга. Деловниот простор од 60 м2 во Струмица се наведува дека е со вредност од 3.690.000 денари, а премиерот пријавил и четири хектари земјоделско земјиште во селото Мутрино, вредно 2.460.000 денари. Тој има и куќа од 400 м2 во Струмица, како и стан од 65 м2 во неговиот роден град.

Од податоците коишто се јавно обелоденети министерката за образование Мила Царовска има пријавено две куќи од 200 и 90 м2 во Скопје, вредни 5.500.000 и 3.660.000 денари, градежно земјиште на четири локации, три возила, акции, депозити, но и три кредити во банките – дел се исплатени, а дел ќе ги отплаќа до 2030 година.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска има подолга листа на имот којшто го има пријавено во анкетните листови. Таа има четири стана – нејзини и на сопругот во Скопје и Охрид, од кои најголемиот е од 163 м2, а располага и со уметнички и колекционерски предмети (уметничка слика „Циганка“ од Никола Мартиновски). Поседува и неколку девизни сметки и штедни книшки.
Министерот за здравство Венко Филипче, пак, во својот анкетен лист има пријавено куќа од 464 м2 во Скопје, како и два стана во главниот град, од кои едниот е 130 м2. Филипче има и две возила – „мерцедес бенц“ вреден 1.000.000 денари, и „мазда“ на неговата сопруга. https://www.dw.com/mk/%D1%84%D1%83%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B8-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-56313399?maca=maz-TB_maz_time_box-6096-html-cb

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close