Меѓународна група на научници го открила најстариот зачуван лилјан во светот во Бразил. Билката е стара околу 115 милиони години, а е пронајдена во еден ѕид.
Како што објави Sputnik, експертите со помош на CT – скенирање успеале детално да го испитаат фосилот во ѕидот во кој бил пронајден цветот. Билката е добро сочувана, дури содржи и цвет, корен и индивидуални клетки.
Висината на древниот крин е 40 сантиметри. Експертите успеале да го скенираат фосилот внатре во ѕидот во кој билката е зачувана, без да ја оштетат.
Научниците, исто така, заклучиле дека припаѓа на истата група на билки како модерните лилјани и орхидеи.