вестиХрана

Какво сирење сака потрошувачот?

Моцарела, пармезан, чедар, гауда, ементалер, старо, младо, ситно или некое друго. Кој е Вашиот избор?

Пазарот никогаш не се заситува од добри производи, но многу брзо се заситува од еден лош“.Со овој цитат од Хенри Форд, професорот Бранислав Влаховиќ го започнал стручниот дел од семинарот „Унапредување на производството и пласманот на сирењето во Војводина“, кој се одржа на Земјоделскиот факултет во Нови Сад. Еден од заклучоците од семинарот е произведувачите прво да ги истражат потребите на пазарот, а дури потоа да се впуштат во прооизводство на сирење.

Кое сирење го купува потрошувачот?

Во рамките на предавањето на тема: „Промени на меѓународниот пазар на сирење“, професорот Влаховиќ, стави акцент и на новите трендови, кога станува збор за потребите на потрошувачите на сирење во светот. За ова секако треба да размислат оние кои сакаат да се впуштат во производство на сирење.

Моментално, најпопуларни типови на сирење во светот се: моцарела, пармезан, чедар, гауда и ементалер (или ементал). Меѓутоа, потребите на потрошувачите одат понатаму. Асортиманот се шири и секако, потрошувачката на полномасни тврди и екстра тврди сирења со рузмарин, лаванда, жалфија, анасон и тартуфи. Потрошувачите бараат и сирење со лута пиперка, бел лук и зачини. Многу популарното сирење од Тоскана, Bianchetta, содржи боровинки, црни тартуфи, копар, див лук и зелен бибер. Сирењето Sargento помеѓу останатото содржи јаболка, боровинки и семки од тиква. Овој бренд може да се најди и во друга верзија со брусница, црно чоколадо и банана. Популарното козјо сирење Celebrity на пазарот се нуди во повеќе верзии. Со чоколадо и вишна, со рум и суво грозје, со боровинка, калинка, јаболко, мед и лута пиперка.

Се попопуларно е кравјото сирење – Едамер со бел лук, црн лук и магдонос, со црвена лута пиперка, со ким, па дури и со сенф.

Специјални барања на потрошувачите

На оние потрошувачи кои имаат специјални барања, производителите им излегуваат во пресрет, така што произведуваат органски сирења, сирења со ознака NON – GMO, ситно сирење без лактоза, сирење со помалку масти, без масти и сирење со многу мала содржина на сол.

Понатаму, на амбалажата се означуваат GDA нутритивни вредности. Се поставува и QR код, кој кога е видлив на потрошувачот му дава комплетен увид од нива до трпеза во производството на сирењето. За да се допре до потрошувачите сирењето се произведува по Халал и Кошер стандарди.

Дизајнот и амбалажата во кои сирењето е спакувано се се подобри, а на нив најчесто се истакнати националните симболи, така што веднаш е јасно дали сирењето доаѓа од Италија, Франција или Холандија.

За верување или не

Следните неколку реченици, баш би можеле да се стават во таа рубрика.

Casu Marzu – е сирење направено од овчјо млеко. Во превод неговиот назив значи „труло сирење“, но го нарекуваат „сирење со ларви од црв“. Низ него, буквално лазат илјадници ларви.

Epoisses – сирење со убедливо најјак мирис на светот. Направен е од кравјо млеко натопен во посебен вид ракија.

Vieux Lille  – носи епитет најјако сирење на светот, а Британците го нарекуваат уште и „стар смрдливец“. Неговиот мирис често се споредува со расипани кисели краставици.

Како и што започнал, професорот Бранислав Влаховиќ, своето исклучително предавање го завршил со цитатот од францускиот политичар и гастроном Jean Anthelme Brillat-Savarin: „Оброкот кој се завршува без сирење е како преубава жена без едно око“.

Зелена берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close