
Какво време нѐ очекува за Велигден и Први мај?
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од понеделник попладне повторно ќе настапи дестабилизирање на времето.
Пред нас е големиот празник Велигден, за кој ќе добиеме четири дена споен одмор. Рамазан Бајрам кој се падна на 30 март беше неработен ден, но времето не се погоди, па дождот ги уништи плановите. Според пррогнозата на Accuweather, за Велигден не очекува сончево време со променлива облачност, а веќе од 22 април повторно дожд.
По Велигден неработен ден е Први Мај – Денот на трудот, а според прогнозата на Accuweather, времето ќе биде сончево со облачни периоди и температура до 22 степени.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од понеделник попладне повторно ќе настапи дестабилизирање на времето.