Калемење на лубеници и дињи

Калемењето на лубеници и дињи на тиква доведува до далеку поголема бујност на растенијата поради многу посилниот корен на тиквата која растeнието го снабдува со храна и вода што обезбедува побрзо зреење на плодовите (за 20-25 дена побрзо) и дава многу поголем  принос. За калемење на лубеници првенствено треба да се користат ситноплодни и рани сорти. При калемењето на дињите се обезбедува рано доспевање и зголемување на приносот како и отпорноста на болести.

Лубеницата се калеми на Lagenaria vulgaris која има бел цвет, четвртасто семе, плод со крушкаст и изразиот долг облик 1-2 м често змиолик облик. Дињата може да се калеми на мускатна тиква   (Cucurbita moshata), со вкусен и ароматичен плод чие семе по ивиците е нарецкано. Со калемењето, вкусот и бојата на плодот остануваат исти и типични за плодот –дињата има вкус на диња а лубеницата нормално си го зачувува автентичниот вкус на лубеница.

Битно кај овој процес е да се истакне фактот дека процесот на калемење на лубеницата и дињата е ист. Истиот ден во заштитниот простор каде ќе се врши калемењето се сеат лубеница, диња и тиква. Најдобро е тиквите да се сејат во саксија, а лубениците и дињите во сандаци. Неколку дена по никнувањето е периодот кога се прави калемењето, односно во фазата на израстокот на ливчињата на котиледонот. Малите изданоци на лубеници и дињи се корнат од земајата и се стваат во садови со вода на место под сенка. Техниката на калемење е следна:

  • Со остар нож/жилет на стеблото на мускатната тиква се прави кос рез или со сврдел се прави влдлабнување помеѓу котиледонските ливчиња во должина од 1,5-2 см.
  • На коренчето од дињите и лубениците се прави клинаст пресек на стеблото под котиледонските ливчиња за 1,5-2 см.
  • Калемот на лубениците односно дињите се поставува во расцепот од тиквата така што котиледонот од лубеницата, односно дињата се налегнува на котиледонот од тиквата. Споеното место може да се обложи со влажна вата.
  • Окалемената билка се пренесува во леа или тунел. Во тој заштитен простор каде се наоѓаат окалемените билки, до створање на калусот мора да се орджува многу релативна влажност на воздухот (90-95%) и температура околу 25°C.
  • Првиот ден по калемењето, заштитениот простор се заштитува со правење на сенка и постепено со текот на времето растенијата се привикнуваат на сонцето. Шест до седум дена после калемењето, се оформува калус кој треба да се одржува на истиот начин на кој се одржувал и калемот до тогаш.

Калемените лубеници и дињи на тиквата постигнуваат голема бујност на билката поради силниот корен на тиквата која растението го снабдува со храна и вода што воедно и обезбедува побрзо зреење на плодовите и многу поголем принос.

Share Button