Календар на растително производство ЈАНУАРИ Градинарство

(Oвој напис е објавен на: January 8, 2019)

Јануари е најстудениот месец од годината. Во тоа време зеленчуковите култури
се развиваат само во култивациони објекти – пластеници и стакленици. На полето се
одгледуваат само некои култури засадени наесен, како лук, кромид и спанаќ. Сите
напори се насочени кон подготовките за одгледување на зеленчуковите култури во
следните месеци и летото. Се подготвуваат полиетиленски оранжерии за
експлоатација. Се врши сеидба за производство на расад од домати, пиперки,
краставици и тиквички за одгледување во стакленици или загреани полиетиленски
оранжерии. Здрав расад се добива кога се одгледува на дезинфицирана почва или
супстрат, а за сеидба се користат здрави и дезинфицирани семиња. Засејувањето се
врши во култивациони капацитети, кога температурата на почвата достигне околу 20
степени. До средината на месецот се сее семето од домати, пиперки, зелка и
карфиол. Започнува `ртењето на семенскиот материјал на раните компири. Тоа се
врши во темни просториите при температура од 15-18 степени.
Ако местата каде што ќе се одгледува расадот се населат со попово прасе,
пред сеидба треба да се постават мамки. Тие се продаваат во земјоделските аптеки,
но може и да се подготвуваат од пченични отсевки, трици, јарма, кога на 1кг од нив се
додаваат 2 лажици Нуреле. Добиените мамци се поставуваат, кога на 1м2
површина
се става 15-20 г од подготвениот мамец.


 

agencija.gov.mk

Share Button