Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Казните за граѓаните се до 2.000 евра – Од први јули се воведува целосна забрана за движење во шумите

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до  31.08.2026 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои  управуваат.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите –  ЈП „Национални шуми“ и  Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја,  даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до  31.08.2026 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои  управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

МЗШВ

Поврзани новости

Back to top button
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom