fbpx
ВестиСовети

Календар на земјоделците – сточарство

Говедарска фарма

Во зимските месеци вниманието кон животните не треба да слабее. Крајните
економски резултати бараат одржување на висока продуктивност преку целата година. За
добивање на повеќе и поквалитетно млеко соодветно на расата, наследните и
индивидуалните карактеристики на животните, потребно е да се посвети сериозно
внимание на исхраната на кравите во зимскиот период од годината, како најважен и
клучен услов. Дажбите за кравите треба да ги содржат потребните хранливи материи:
протеини, јаглени хидрати, масти и да бидат богати со витамини, минерални материи и
др. Во зима, дажбите за кравите се состојат од концентрирана храна, сено, сочна
фуражна храна (силажа, сточна репка и др.), како и други кабасти и помалку квалитетни
хранива (слама, плева, растителни остатоци од пченка). Обично кравите се хранат 2-3
пати на ден. Различните видови на храна им се даваат по следниов редослед:
концентрирана, сочна (или и двете истовремено) и на крај кабаста сточна храна. Пожелно
е пред давањето храната да биде претходно обработена – исечкана, меласирана,
запарена итн. Кога е во мала количина, сеното се дава наутро и на пладне во мали
порции. Во зима кравите се напојуваат онолку пати колку пати што се хранат, па ако не
им е осигурен постојан пристап до вода, или водата е замрзната, треба да се усогласат
со условите. Остатоците од храна во јаслите треба да се чистат пред секое следно
хранење на кравите, за да се избегнат гниењето и ферментацијата. На 100 кг жива мера
се дава 1-1.5 кг сено и 3-5 кг силажа. Количеството на концентрирана сточна храна
(житарици, трици, ќуспиња, и др.) зависи од дневната млечност на кравата – се дава 200-
300 g на 1 литар млеко. Кај нископродуктивните животни – со млечност за лактационен
период од 1800-2200 л и 3,8-4% масленост на млекото во текот на зимата, на кравите им
се дава по 4-6 килограми сено, 2-4 кг слама и растителни остатоци од пченка, 20-25 кг
сочна сточна храна (силажа и репка) и по 2-3 кг концентрирана сточна храна дневно.

 


 

agencija.gov.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close