fbpx
ВестиСовети

КАЛЕНДАР НА ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ Градинарство

Испразнатите градинарски површини се чистат од растителните отпадоци. Потоа
се врши ѓубрење со комбинирано ѓубриво и длабоко орање. При полседната обработка на
почвата препорачливо е да се истретира со регистриран почвен инсектицид против
нематоди и други штетни инсекти и со хербицид против плевели. Потоа почвата се
покрива со фолија, а после една недела фолијата се отстранува и по 2-4недели почвата
повторно се обработува. Доколку температурата е над 10 степени, обработката се врши
порано. Зимските култури може да се посадат по 20 дена.
Овај третман се прави еднаш на 3 години.
Оранжериите до 1 декар препорачливо е да се испрскаат со 1% раствор од
формалин, по што оранжеријата се затвора на 1-2 денаа после се проветрува. Во
оранжериите каде што има и правилно функционира инсталацијата за проветрување,
формалинот се внесува преку не и тоа околу 60 литри за 3000 метри кубни воздушен
простор. Оранжеријата се затвора 1-2 дена и потоа се проветрува.
На почетокот на месецот се врши сеидбата на доматите и краставиците за
зимското, оранжериско производство, при што семето треба да биде деконтаминирано.
Сеидбена норма:
– Домати – 30гр. или 4000 растенија на хектар
– Краставици 50 – 60гр. или 2200 растенија на хектар
– Пипер – 120 – 140гр. или 4000 растенија на хектар.

 


 

agencija.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close