fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Битола доделена наградата „Тоде Петревски“ за новинарката Анета Блажевска

Наградата е за серијалот репортажи објавувани во списанието „Зелена берза“

Битола, 28 мај 2021 (МИА) – Редакцијата на „Битолски весник“ ја додели годишната награда за новинарска репортажа „Тоде Петревски“ која и припадна на новинарката Анета Блажевска од Битола.

Блажевска, еден од сопствениците на порталот „Апла.мк“,  три децении е во новинарството, работела во повеќе национални и локални медиуми, а во мментов соработува и со порталите „Независен.мк“ и „Зелена берза“.

-Наградата ја добив за серијалот репортажи објавувани во списанието „Зелена берза“. Наградата „Тоде Петревски“ за битолски услови, за битолските новинари е на рангот на Пулицерова награда за новинарство и јас така ја доживувам. Благодарам на „Битолски весник“ и на семејството Петревски кои ја донесоа одлуката и ја вреднуваа мојата професионалност во новинарството, истакна Блажевска.

Наградата за новинарска репортажа „Тоде Петревски“, ја востанови и 17 години во континуитет ја доделува редакцијата на „Битолски весник“, истакна Менде Младеновски, кој заедно со сопругата и ќерките на прерано починатиот новинар Тоде Петревски, ја додели наградата и пригодни подароци за новинарката Анета Блажевска. мт/ки/

МИА

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close