fbpx
Вести

КАЛЕНДАР НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО МЕСЕЦ ОКТОМВРИ

drva

Во октомври времето значајно се менува. Бројот на сончеви денови се намалува, а се
зголемува бројот на облачни денови. Дневната температура повеќе или помалку се
намалува, а се зголемува опасноста од рани мразеви.
Овоштарство
Во месец октомври се прибираат овошките. Тоа треба да се заврши што поскоро за да се
создадат услови за дрвата навреме да ги извлечат потребните материи од почвата кои
што ќе им овозможат правилно одвивање на акциите во престојната зима.
Зимските сорти на овошјата треба добро да созреат на дрвото. Рано обраните плодови
во магацините го губат вкусот и сокот. Во просториите за складирање, плодовите се
подредуваат на дрвени полици, касети и каси, но само во еден слој.

Дуњите треба да останат на дрвото додека да почнат да паѓаат сами. Пред да се
складираат, оревите треба добро да се исушат на сенка и во добро проветрена
просторија. Се чуваат на сите или во доброп проветрена просторија.
Откако плодот на лешникот ќе се одвои од обвивката, подобро е да се чува во умерено
влажен песок отколку на воздух.
Мушмулите остануваат на дрвото до појавата на првите мразеви. Мразот ги прави меки,
кафеави и вкусни.

Во октомври кај сите дрва се одвива процес на складирање на резервни хранливи
материи. Ова, кај младите овошни насади, бара длабока обработка на почвата. Во
помалите овоштарници, ова подразбира прашење на дрвцата со што се подобрува
водено-воздушниот режим.
Во овој месец , доколку дозволуваат временските услови, сеуште може да се садат
јагоди. Ова касно садење треба да е завршено до средината на месецот, за да може
растенијата убаво да се вкоренат за да не изгинат во текот на зимата.
Веднаш по паѓањето на листовите, препорачливо е сите овошни дрвца да се испрскаат со
2% раствор на Бордовска чорба. Со ова се олеснува борбата против бактериските
болести, кадравоста на листот и сл. Јаболката и крушите препорачливо е да се
истретираат со 5% раствор од уреа.
Под кората на дрвјата обично презимуваат црвените пајачиња, некои видови грини, црви
и други штетници. Затоа кон крајот на месецот треба стеблата и подебелите гранки да се
премачкаат со 20% варова каша.
Градинарство
Градинарските култури кои се наменети за потрошувачка во текот на зимата, треба да се
приберат пред настапувањето на поголемите мразеви. Кочаните се отсекуваат под
коренот и се чуваат во ровови. Морковите за зимска потрошувачка исто така се чуваат во
ровови.
Ровот претставува јама ископана во земјата со димензии зависно од количината на
зеленчукот кој што ќе се чува во него. На дното на ровот се постила слама врз која се
реди зеленчукот и врз него повторно се реди слама.
Во првата половина на месецот се сади салатата и зелената салата кои се наменети за
пролетната потрошувачка.
На крајот на октомври, или најкасно почетокот на ноември се прибираат празот,
ротквиците, зелените домати, карфиолот и главестата зелка.
Во овај период се сади зелениот кромид на отворено за рана пролетна потрошувачка.
Лозарство

lozje

Овај месец се доприбира несобраниот производ. Се врши ѓубрење со фосфорни и
калиумови ѓубрива, во зависност од снабденоста на почвата со хранливи материи, по што
пшчвата се ора длабоко.

Поледелство
Од први октомври започнува сеидбата на пченицата и јачменот. Пред сеидбата се врши
ѓубрење на почвата со комбинирани ѓубрива, зависно од застапеноста на почвата со
хранливи материи, а потоа се врши потребната обработка на почвата. Семето за сеидба
задолжително треба да биде запрашено, односно деконтаминирано против болести.
Во овој месец се врши длабоко орање на почвата и основно наѓубрување, со што се
припрема почвата за пролетните култури.

Сточарство

ovci
Во месец октомври сточарите треба да се фокусираат главно кон нормалниот тек на
бременоста на оплодените грла и елиминација на факторитѕе кои што би испровоцирале
абортус.

Опасноста од абортус кај овците доаѓа по долготрања суша и пасење од посушни
пасишта. При доаѓањето на врнежливи денови тревата збувнува и е посочна и тоа
предизвикува таа да се конзумира со голем апетит. Фитоестрогените кои што се содржат
во зелената трева предизвикува бројни реакции во половиот систем на овците, кои што
доведуваат до исфрлање на ембрионот. Во таа смисла важно е да се контролира пашата,
да се обезбеди секојдневно внесување на сува и концентрирана храна. Во нив се содржи
хормонот прогестерон кој помага при нормалната имплантација и абење на фетусот во
бременоста.
Црвеницата е заразна болест која се јавува кај свињите. Наглите временски промени во
текот на есента се еден од предоспозициите за појава на оваа болест.
Во овај период е правото време за вакцинирање против оваа болест која е задолжителна
доколку се одгледуваат свињи мајки и нерези ,на секои 6 месеци, како и за група која се
гои и е на возраст од 90 до 120 дена. Вакцините се по достапни цени, а последиците
доколку не се изврши вакцинирањето се големи за фармерите.
Глодарите се еден од начините за пренесување на зарази и поради тоа потребно е да се
врши редовна контрола и дератизација и дезинфекција на фармите.
Есента дава последни можности за вршење на поправки на објектите кои што служат за
одгледување на животните.
Овај месец исто така е погоден за дополнување на резервите на сточна храна за
животните.


 

агенција.гов.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close