fbpx
Вести

Канцеларијата на АПРЗ во Карбинци не работи

Земјоделците во карбинско чекаат повторно да проработи канцеларијата на Агенцијата за поттик и развој на земјоделството, за да можат да аплицираат за субвенции. Од општината испратиле допис, но одговор се уште не добиле.

kancelarijata na aprz vo karbinci ne raboti

 

Земјоделците бараат канцеларијата да се отвори за да не мора да одат во Штип. Полесно ќе им било, а ќе заштеделе време и пари доколку аплицирале во матичната општина.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделството велат дека работите со Карбинци биле поинаку договорени. Општината требало да обезбеди волонтери кои ќе бидат обучени од советниците за работа.

Дополнително од Агенцијата велат дека дневно работат со голем број на апликанти а имаат мал број на вработени поради што не можат да одговорат на барањата на земјоделците во карбинско. Поради истиот проблем и големиот интерес за субвенции, во штипската единица сега се пополнувале и апликации на земјоделци од светиниколско и радовишко.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close