fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Карадутка

Мојата омилена црница или бобинка или дудинка е КАРАДУТКА, затоа што е толку вкусна, и толку ретка да се најди за јадење.

 

Повеќето луѓе  никогаш не јаделе карадутка, едноставно затоа што во градот и околината постојат исклучително малку карадутки. Некои од нас јаделе црница што се темни – но кои потекнуваат од други видови.

На пример, обичната бела црница, Морус Алба, има бобинки кои варираат во зрелоста од бела, розова, црвена, виолетова или црна боја и варираат по големина.

Оригиналното, чиста црна црница е карадутка, Morus nigra, е невообичаена во споредба со повеќето – ако не и сите – други видови. Бројот на хромозоми во неа е зачудувачки голем (2n = 308)! Речиси сигурно е дека е античка хибридна култура, чии предци се изумрени. Се одгледувала со милениуми и  првобитното локално место е непознато – но најверојатно била централна Азија.

Како украсен вид, улогата и е скромна. И недостасува цветна убавина. Есенската боја е бледа, обична жолта. Летото зеленилото е најтемно зелено, густо и разбушавено. Кога зрее овошјето е црвено, прилично убаво; а кога овошјето е презрело, добива црна боја и паѓа, обојувајќи го земјата. Кога карадутката се пресадува на трупот на бела црница, резултатот е неприроден изглед на плодот.

Но! Да се ​​јадат целосно зрели плодови е сензуален спој на вкусовите од рајот.

Плодот на карадутката го јадат претежно птици и деца. Тие зреат неколку одеднаш, мора да се берат секој ден, и се толку преполни со сок и толку меки и нежни што пренесувањето на пазарите е незгодно.

Затоа, ако сакате да јадете карадутка, мора или да одгледувате свои или да знаете некое дрво во близина. И ако можете да одгледувате доволно, за да носите еднаш неделно на локалните пазари, ќе заработите убава сума на пари.

Валентина Соколовска

за Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close