Априлските дождови уништија 102 хектари посеви

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди во првичниот извештај оцени дека од невремето проследено со поројни врнежи од дожд и град што ја зафати општина Гевгелија на 24 април годинава нанесени се штети на вкупна површина од 102 хектари засадени со земјоделски култури и посеви.

IMG-20160426-WA0001-768x1024

Најпогодени од невремето биле населените места Негорци и Прдејци од каде што пристигнале сите пријави за нанесени штети од страна на 92 физички и две правни лица.

По извршениот увид на терен, комисијата констатира дека најмногу настрадале раноградинарските култури, лозовите насади, овошните садници и житните култури кај кои степенот на оштетување изнесува од 10 до 100 отсто во зависнот од погоденото подрачје. Најголеми се штетите во атарот на Прдејци на површина од 78 хектари, а во Негорци штети се проценети на 24 хектари.

Извештајот на комисијата ќе се најде на првата седница на општинскиот Совет, кој треба да донесе одлука за изработка на Елаборат за причинетите штети од невремето.