fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Единствено што прифаќаме за тутунот е анекс на договори и корекции на цените во нагорна линија

Тутунските откупни фирми нема да издржат под нашиот притисокот затоа што секојдневно плаќаат вработени кои во моментот ништо не работат, а земаат плати. 

Почитувани тутунопроизводители

До сите нас секојдневно пристигат информации дека се предава тутун по пунктовите. Точно е дека има инцидентни случаи. За причините околу тоа кој и колку предал нема да коментираме затоа што многу од тутунарите имаат финансиски проблеми. За нас најбитен индикатор е тоа дека преку 99% тутунот е кај нас тутунарите. Откупните фирми се во паника и со разни методи на манипулации кои се во сфера на кривична одговорност не им успева да ги изманипулират и повторно ограбат тутунопроизводите.

Како Национална земјоделска мрежа укажуваме дека тутунските откупни фирми нема да издржат под нашиот притисокот затоа што секојдневно плаќаат вработени кои во моментот ништо не работат, а земаат плати.  Но, најголемата загуба за откупувачите е изгубената доверба кон нив од страна на тутунопроизводителите како нивни долгогодишни коперанти и сакале или не ќе мораат да ја поткренат цената. Тоа што во моментот имаме тотален молк од нивна страна, од страна на Министерството за земјоделие, посочува само на фактот дека не постои никаква нивна меѓусебна координација и дека со секој изминат ден тие се свесни за последиците од хаосот кој тие лично го направија со склучување на манипулативните договори преку новите законски измени и подметнаа договори со економски неодржливи цени.

Јавно укажуваме дека секој изминат ден на непредавање на тутун по овие девалвирачки цени и услови е во корист на нас тутунопороизводителите, а на штета на откупните фирми и државата.  На откупните фирми им посочуваме дека ние сме решени и овој пат единствени и решителни ќе истраеме до крај во нашите оправдани барања и дека овој пат нема да дозволиме повторен грабеж на нашиот макотрпен труд.  Откупувачите под итно  да излезат со анекс на договори и корекции на цените во нагорна линија Цени кој ќе обезбедат контнуитет и економска одржливост во тутунопроизвотството.

Со почит и поддршка Ѓорги Каракашев – Национална земјоделска мрежа

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close