
Каракашев го повикува Сојузот на Ристески да ги побара субвенциите на тутунарите
На Сојузот му легнаа парите на сметката од нето заработката од тутунарите, вели Каракашев
Претседателот на Националната земјоделска мрежа Ѓорги Каракашев го повикува Сојузот на тутунските здруженија чии претседател е Кире Ристески да побара итна исплата на субвенциите за тутунарите.
-Ни трага, ни глас од Сојузот на тутунските здруженија околу неисплатените субвенции спрема тутунарите. На прагот на новата производна сезона тутунарите се оставени на милост и немилост од страна на државата со крајна неизвесност околу исплатата на субвенциите за предадениот тутун кој по закон им следуваат и се неопходни како финансиска поддршка за тековното тутунопроизводство во овогодишната реколта,
За жал до овој момент имаме само молк од страна на надлежните а загрижува и фактот што Сојузот откако му легнаа парите на сметката од нето заработката од тутунарите како и да не го засега ова горчливо прашање. Како Национална земјоделска мрежа упатуваме јавен повик до надлежните институции час поскоро да се исплатат субвенциите кон тутунопроизводителите. Ние, како Национална земјоделска мрежа нема да стоиме настрана и да бидеме неми посматрачи, напротив цврсто и одлучно ќе следиме и ќе реагираме согласно позитивните законски прописи. Околу легитимноста и работењето на Сојузот уште еднаш посочуваме дека кога тогаш некој ќе понесе одговорност пред тутунопроизводителите, но и пред надлежните институции, така да најсериозно и одговорно да си ја сватат функцијата и одговорноста, вели Каракашев.