fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Преполовена реколтата на ориз

Наместо планираните 800 до 900 кг арпа од посеан декар, земјоделците едвај собраа од 400 до 450 кг.

Преполовена годинашната реколта на оризот. Оризопроизводителите на крајот од жетвата ги сумираат резултатите, кои за нив се неповолни. Наместо планираните 800 до 900 кг арпа од посеан декар, земјоделците едвај собраа од 400 до 450 кг. Причина според нив е доцното пуштање на водата за наводнување, а браната Калиманци беше полна, неквалитетното менаџирање на водостопанство „Брегалница“ со водните ресурси и болестите кои се појавија кај оризот.

– Ние неколку години апелираме дека болеста ќе го преполове оризот, за жал надлежните немаат слух. Земјоделието е клекнато на колена, ние повеќе не сме на површина, туку во дупка пропаѓаме, изјави Здравко Арсов, оризпроиводител од Облешево

Со редуцирано производство, двојно зголемени трошоци и производна цена од 40 денари, во иднина повеќе никој нема да сака да се занимава со земјоделие, а оризпроизводството набргу ќе згасне како поледелска гранка во Кочанско, велат оризарите.

– Ние не бараме пари од никого, туку самиот нашиот труд да се плати. Во спротивно, младите ќе ја напуштат државата и нема да има кој ниту еден декар да посее, додаде Арсовhttps://sitel.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close