fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Каракашев го повикува Трипуновски да даде производни цени за пченицата и јачменот

МЗШВ да не се повикува на откупните фирми на берзанските цени, тие во нашата држава не важат

ПОВТОРНО ОБИД ЗА ГРАБЕЖ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Ѓорги Каракашев, претседател на Национална земјоделска мрежа со апел

Почитувани полјоделци! Согласно Законот за земјоделие и рурален развој пченицата и јачменот спаѓаат во категорија на стратешки култури за државата.

Доколку дојде до нарушување на пазарот, односно откупната цена е помала од производната цена, согласно Законот, државата е задолжена да ги заштити овие култури. Во конкретниот случај Министерството за земјоделие е должно да побара да се изготват производни цени согласно научните методологии на референтни научни институции и врз основа на нив се определува заштитна односно минимална загарантирана цена што е за 25% над производната цена на кг житарица.

Како Национална земјоделска мрежа јавно го повикуваме Министерството за земјоделие да излезе со официјални производни цени за пченицата и јачменот, јавно да ги објави и да постапи согласно позитивните законски прописи.

Напоменуваме дека повикувањето на откупните фирми на берзанските цени во нашата држава не важат, бидејќи ова материја е строго дефинирана и уредена со Закон за земјоделие и рурален развој како и Законот за стокови резерви. Се надвор од ова е груба манипулација и злоупотреба на законите.

Со почит Ѓорги Каракашев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close