fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Каракашев ја поддржува идејата со 100 евра да се стимулираат млади земјоделци да оформат живот на село

Младите треба да сфатат дека земјоделството не е само бизнис, туку стил на живеење што бара откажување од многу цивилизациски придобивки

По 100 илјади евра ќе добијат млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци. Оваа финансиска поддршка од Владата треба да им помогне на младите да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат земјоделска механизација, земјоделско земјиште или добиток. Главен услов да ја добијат оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина во рамки на семејното земјоделско стопанство во наредните 10 години. Ако младиот брачен пар не го исполни условот да живее и да работи на село 10 години, ќе треба да го врати целиот износ на дадената поддршка.

Од Националната земјоделска мрежа ги поддржуваат сите мерки кои имаат за цел унапредување на земјоделството и зголемување на земјоделското производство.

-Бараме со оваа мерка да бидат опфатени што поголем број млади, но да биде условена и со конкретни резултати, односно производство на одредени видови и количини на земјоделски производи. Не може само да се даваат пари од буџетот, а не добиваме ништо за возврат. Еден од најголемите проблеми во македонските села е што нема основни услови за урбано живеење, нема болници, градинки, банки, пошти… Со други зборови селата се запоставени и нема инфраструктура. Младите треба да сфатат дека земјоделството не е само бизнис, туку стил на живеење што бара откажување од многу цивилизациски придобивки, што младите тешко би ја прифатиле таа промена, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Тој додава дека оваа законско решение е усогласување на нашата со европската регулатива, меѓутоа треба да се има предвид дека состојбите во македонскиот аграр не кореспондираат со оние во ЕУ.

Ова мерка е дел од новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој е објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и е даден на увид на јавноста, чија цел е заживување на руралните средини и стимулирање на земјоделците да се здружуваат за да станат поконкурентни.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close