Подготовки за извоз на јагнешко месо

jagne

На две недели до извозниот шпиц на јагнешкото, овчарите се надеваат на повисоки цени од ланските. Во моментов се нудат од 140 до 145 денари за килограм жива мера, а според сточарите производствената цена за прва класа ги чини до 180 денари за килограм.

Последните денови пред извозниот шпиц на јагнешкото за Велигден ги разочараа овчарите. Во моментов трговците нудат од 140 до 145 денари за килограм жива мера, иако нивните пресметки покажуваат дека производствената цена за пра класа јагниња ги чини од 175 до 180 денари за килограм.

Сепак велат овие откупни цени се повисоки од ланските и се надеваат на зголемување за барем 20 денари во последната недела пред католичкиот Велигден на први април.

Овчарството е трето по ред во извозот на земјоделските прехранбени производи во нашава земја.

Годишно во просек се продаваат скоро 2.500 тони јагнешко и овчо месо, во вредност од 13 милиони евра.


 

мрт