fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Каракашев – Тутунот под 600 денари не смее да се откупува

Револт и огорченост поради понудените срамни откупни цени за тутунот

ТУТУН ПОД 600 ДЕНАРА ПРОСЕЧНА ОТКУПНА ЦЕНА НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА И ОТКУПУВА

Почитувани тутунопроизводители!

Како Национална земјоделска мрежа јавно го искажуваме нашиот револт огорченост поради понудените срамни откупни цени за килограм тутун од страна на откупните компании. Јавно укажуваме дека овие цени се понижувачки ниски и не ги покриваат ни производните трошоци. Со самото тоа Вие како откупни компании на највулгарен начин со вашата алчност и нечовечност, а притоа газејќи преку сета економски логокa наметнувате еден робовладетелски систем и ја злоупотребуваате довербата на вашите долгогодишни кооперанти и со тоа дефинитивно оваа важна стопанска гранка се движи кон својот крај.  Куклениот театар наречен „Сојуз“ не е ништо повеќе од театарска завеса зад која се креираат овие погубни политики.

Јавно го прозиваме надлежното Министерство за земјоделие да излезе со став и дa одговори на следните прашања-

1. Зошто до сега не презеде инцијатива за промена на Законот за тутун и со тоа да се спречи ова монополска дивеење и самоволие на комбинатите?

Напоменуваме дека на средбата во Влада ние како НЗМ каде на наше барање бевме примени од премиерот наидовме на разбирање и поддршка, се донесоа следните заклучоци – Да се коригира субвенцијата линеарно по 100 денари откупен тутун. Да се коригира цената на 400 денари линеарно без одбитоци.

По налог на премиерот да се пристапи итно кон законски измени во Законот за тутун. Во сите овие активности таканаречениот Сојуз беше инертен и безобразно си ги препишуваше нашите заслуги како негови.  На крај Сојузот ги сведе само активностите да донесе одлука со која задршката од 0,032 % се покачува на 0,038 % од нето заработката на тутунарите и по тој основ на сметката на Сојузот се оствари прилив од преку 350.000 евра пари од макотрпниот  труд?

2. Колав прилив на средства се слеваат по основ на даноци и акцизи во државниот буџет од тутун и тутунски производи?

3. Колкава е заработката на тутунските компании по основ на откупен и препродаден тутун во лист?

4. Зошто ресорното министерство не презеде инцијатива и активности во периодот кога имаше време и можност, а по претходно инсистирање од страна на премиерот да се извршат овие законски измени во Законот за тутун и со тоа ќе се спречеше ова дивеење од страна на откупувачите?

Ние како Национална земјоделска мрежа цврсто стоиме и докрај ќе ги браниме нашите колеги тутунопроизводители.  Тутун под просечна откупна цена од 600 денари не може и не смее да се произведува и откупува.  За крај упатуваме јавна порака НЗМ секогаш е и ќе биде на страна на нашите колеги земјоделци односно тутунопроизводители.

АПЕЛИРАМЕ МАСОВНО ДА СЕ ЗДРУЖИМЕ И ЗАЕДНИЧКИ ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ

Со искрена почит Национална земјоделска мрежа – претседател Ѓорги Каракашев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close