fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Флоре Груевски-Откупувачите не ги откупуваат долните берби, штетите растат

Ова е уште една неправда за секој тутунар, обвинува тутунарот од Могила Флоре Груевски.

Откупувачите не ги откупуваат долните берби од тутунот, туку само горните, што е неправда за секој тутунар, обвинува тутунарот од Могила Флоре Груевски.

-Никако не се откупуваат долните берби иако најголем дел од тутунарите имаат уште простор да носат тутун според склучените договори. Откупувачите им велат на тутунарите дека само горни берби се откупуваат, се отфрла секоја друга берба. А знаеме дека околу 30 проценти од собраниот род отпаѓа на долните берби, 40 до 50 проценти на средни берби и само околу 20 проценти на горни берби. Значи на луѓето им останува тутунот, а штетите се големи, вели Груевски.

Тутунарот апелира до Сојузот на тутунарски здруженија да реагира до МЗШВ и откупувачите за да не бидат дополнително оштетени тутунарите и родот да им остане дома.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close