fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Картичките по 6.000 денари ќе бидат готови до средината на ноември: Банките ќе ги испорачуваат

За најмногу два месеци или веќе кон средината на ноември банките ќе ги испорачаат картичките на граѓаните кои влегуваат во категориите и им следува домашна платежна картичка на износ од 6.000 денари. Списоците ќе бидат објавени кон средината на октомври, а парите најверојатно ќе треба да се потрошат до крајот на годината.

Премиерот Зоран Заев го промовираше продолжението од проектот Купувам домашно со картички кои овојпат ќе опфатат 283.000 луѓе. Ова е дел од четвртиот пакет антикризни мерки, а државата за нив издвојува 27,6 милиони евра.

Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари кои се околу 182.271, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Ваква картичка ќе добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Право на картичка ќе има и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Граѓаните не треба да аплицираат, туку ќе се најдат на списоците кои ќе бидат објавени.

Извор: Фактор

Слични написи

Back to top button
Close