fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Касната  боранија совршен избор за јулско садење

Како што напредува летото, има се помалку и помалку култури што ќе можете да ги засадите. Доцната  боранија е една од земјоделските култури што можете да ја  засадите среде лето и да имате берба во релативно краток период.

За касната боранија , важно е да се обрне внимание на сортата, затоа што ви треба боранија која  брзо расте и брзо се доаѓаат до берба.  Најчесто се препорачуваат грмушкасти сорти за овој период на садење, затоа што им треба помалку време за развој на лисјата маса.

Постојат многу видови кои достигнуваат зрелост за околу 60 дена.  За да бидете сигурни во тоа  погледнете го паковањето  колку време е потребно да зрее. Ако е 60 дена, додадете уште 10 дена на тој број за да вклучите скратување на денот, односно намалување  на сончева светлина, што исто така влијае на брзината на развој на боранијата.

Совети за одгледување касна боранија

  • Додајте компост или ѓубриво во почвата, дури и ако сте го направиле тоа во пролетта. Ова ќе им овозможи на растенијата добар и брз раст.
  • Наводнете ја почвата пред садењето. Водата малку ќе ја олади почвата, а влажната почва ќе го забрза ртењето. Ако е премногу жешко семето нема да  из ‘рти.
  • Ако е премногу топло, додадете многу тенок слој мулч. Тој ќе ја одржи температурата  на почвата, како и влагата.
  • Редовно наводнувајте ја , но оставете почвата да се исуши помеѓу две наводнувања за да не изгние семето. Сепак не ја оставајте почвата да се исуши повеќе од еден ден.
  • Внимавајте на штетници и заболувања. Во есен, има повеќе штетници и помалку растенија, а инсектите активно бараат нови растенија, така што вашата боранија може да биде лесна цел.
  • Ако времето пред берба залади, заштитете ја боранијата ноќе. Можете да користите ткаенина, пластична  фолија, весници.  Наутро заштитата треба да се тргне.
  • При берба, берете ја младата боранија. Ако времето е погодно, боранијата ќе дава плод сè додека мразот не го уништи.

Слични написи

Back to top button
Close