Казни за три струмички фирми
Три струмички фирми што се занимаваат со откуп на земјоделски производи заработија казни од 6.000 до 8.000 евра заради констатирани отстапки во поглед на истакнување и спроведување на законот за неделни откупни цени.
Од државниот земјоделски инспекторат информираа дека контролите во наредниот период ке зачестат заради откупот на црвената пиперка.
– Казната за отстапување од неделната цена беше од 6.000 до 8.000 евра, во зависност од големината на компанијата, и дополнително 30 отсто за одговорното лице, односно правното лице или компанијата – изајви Цветан Трипуновски, директор на Земјоделскиот инспекторат.
Земјоделците велат дека има отстапување од неделната договорена цена на градинарски производи кај откупувачите. Тие велат дека се случувало, пред да истече неделниот рок, цените да се намалуваат за неколку денари, па дури и на половина. Така, екстра-класата од црвената пиперка „куртовска капија“ се откупува по цена од 23 денари килограм, првата класа за 16 денари и втората класа за 8 денари.