fbpx
Вести

Казни за винарниците кои не ги почитуваат роковите за исплата на откупеното грозје

kazni za vinarnicite koi ne gi pochituvaat rokovite za isplata na otkupenoto grozje

Според законот, првата рата од 20 отсто винарниците треба да ја исплатат до 15 декември во годината кога е извршен откупот. Следната исплата, во висина од 40 отсто, ќе биде најдоцна до 15 февруари, додека преостанатите 40 отсто треба да се исплатат до крајот на април наредната година од годината во која бил откупот

До 15 декември винарниците треба да ја исплатат првата рата за откупеното грозје во изминатата сезона. Производителите очекуваат законскиот термин да биде запазен, бидејќи во спротивно како што беше договорено пред почетокот на откупот на грозјето ќе следат пенали за винарниците во висина од 10 отсто.

– Наближува терминот до кој, според законот, винарите мора да ја исплатат првата рата. Се надеваме дека ќе ги испочитуваат законските одредби и ќе го платат навреме родот произведен со мака и пот. Веќе се почнати активностите во лозовите насади за следната производствена сезона, па неопходни ни се финансиски средства, изјави денеска претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија“, Љупчо Аризанов.

Според него, за да ја извршат навреме резидбата, лозарите од Тиквешијата го почнаа кроењето на виновите лози.

– Оние што имаат големи плантажи не можат да го чекаат 14 февруари и верскиот празник „Свети Трифун“ кога традиционално, на симболичен начин, стартува закројувањето на лозјата зашто, во тој случај, нема да стигнат навреме да ја извршат резидбата, рече Аризанов.

Со измените на Законот за лозарство и винарство се врати старото решение за отплата на откупеното грозје во рок од шест месеци и беа направени и консултации со винарници и лозари. Тие ги прифатија предлозите и решенијата, за да не се појави опасност грозјето да не биде откупено. Заеднички беше констатирано дека исплатата треба да се изврши во рок од 6 месеци, но во три рати. Првата рата од 20 отсто да биде исплатена до 15 декември во годината кога е извршен откупот. Следната исплата, во висина од 40 отсто, ќе биде најдоцна до 15 февруари, додека преостанатите 40 отсто треба да се исплатат до крајот на април наредната година од годината во која бил откупот.

Ако винарниците не ги почитуваат овие рокови, односно не ја извршат исплатата на откупеното грозје ќе треба да платат казна од десет проценти.

Исто така, пред почетокот на откупот на грозјето беше договорено оние лозари кои ќе договорат откуп на грозје со винарниците и доколку сака исплата веднаш во рок од 7 дена по извршениот откуп да му биде исплатено грозјето со осум проценти намалување од договорената цена.

Дополнително, со взаемна согласност беше договорено да останат ланските цени, односно 11 денари за килограм „смедеревка“ со 17 шеќерни единици и 19 денари за килограм “кратошија“ со 19 шеќерни единици. Лозарите годинава беа задоволни поради тоа што беа задржани минатогодишните цени.

На лозовите плантажи во Македонија годинава беа собрани околу 180 милиони килограми винско грозје. Дел од нив се пласираа во странство, а дел во домашните преработувачки капацитети.

Најголем дел од винското грозје се произведува во Тиквешијата и откупот на грозјето е многу важен за егзистенцијата на луѓето од овој регион.

Тагови

Слични написи

2 Comments

  1. É muito difícil ler os e-mails de outras pessoas no computador sem saber a senha. Mas mesmo que o Gmail tenha alta segurança, as pessoas sabem como invadir secretamente a conta do Gmail. Compartilharemos alguns artigos sobre crackear o Gmail, hackear qualquer conta do Gmail secretamente sem saber uma palavra.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close