fbpx
ВестиСоветиТоп вести

TMR – Решението за припрема на висококвалитетна сточна храна

 

Обезбедување правилна исхрана на млечните крави е важно за здравјето и оптималното производство на сурово млеко. Оброците треба да содржат квалитетни фуражи, рамнотежа на зрна и извори на протеини, а дополнително и минерали и витамини. Кога оброците се формулирани и избалансирани правилно за да ги задоволат потребите од хранливи материи на животното, резултираат со оптимална конверзија на храната во квалитетно сурово млеко.

Еден од најдобрите начини за постигнување на балансирана сточна диета е користење на TMR методот (total mixed ration, т.е. тотален микс оброк), заедно со соодветната опрема. TMR е метод на хранење на животните што ги комбинира сите фуражи, зрна, протеински додатоци, минерали, витамини и дополнителни додатоци за добиточна храна, формулирани на одредена концентрација на хранливи материи во една единствена храна како комплетна добиточна храна. Храната добиена со користење TMR миксер ги содржи сите потребни хранливи материи, а воедно претставува ефикасен и профитабилен начин за исхрана на млечните крави.

TMR се препорачува затоа што:

  • На животните им се обезбедува нутритивен баланс со секој оброк.
  • Кравите консумираат одредени количини на концентрати неопходни за добро производство и здравје. Селективното консумирање на храна е минимално.
  • Ризикот од промени на дигестивниот систем е намален со стабилна pH вредност на руменот. Варењето на храната е оптимизирано како последица на консумирање на мешавина на храна и хранливи материи, наместо селективна потрошувачка на индивидуални состојки на добиточна храна. Консумирањето на мешавина на храна и хранливи материи со секој внес ќе го оптимизира производството на млеко и ќе ги одржува кравите здрави.
  • TMR миксерите можат да го намалат работното време потребно за хранење на кравите, како и да ги намалат трошоците за работна сила.
  • TMR обезбедува поголема контрола на износите на добиточна храна, отколку кога добиточната храната се дели и се даваат како посебни состојки.
  • Исхраната со TMR, правилно избалансирана со спецификациите на хранливи материи, може да го зголеми производството на млеко од 1 до 2,5 кг по крава дневно.
  • Млечните маснотии и другите компоненти може да се зголемат поради подобра ферментација на руменот и балансот на хранливи материи кои се консумираат.
  • Мали количини на низок квалитет на фуражи и други состојки за добиточна храна може успешно да се примента и подобро да се конвертираат од животните кога се хранат со користење на TMR, наместо кога се хранат со селективни дажби.
  • Со употребата на TMR, дневното внесување на храна е се мери полесно. Со знаењето на дневните дози или внесот на сува материја, точните количини на храна и хранливи материи може да се припремат со минимизирање на губитокот и намалување на трошоците за исхрана.

Преку иницијативата за Развој на синџирите на добавување во млечниот сектор во пелагонискиот регион, спроведена од ЛАГ АГРО ЛИДЕР со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, беше обезбедена ТМR опрема за неколку пелагониски сточни фарми.

Овие месеци се прави анализа на придобивките од користењето на ТМR на пелагониските фарми, но првичните наоди веќе ги потврдуваат позитивните искуства од развиените земјоделски економии низ светот. Намалена човечка сила, намалени трошоци за исхрана на животните, зголемено производство на млеко, намалена појава на дигестивни заболувања кај животните се само дел од резултатите кои ги идентификуваат фармерите кои користат ТМR за припрема на храна и исхрана на животните.

Користењето на ТМR докажано ја подобрува ефикасноста на хранење, и со минимализирање на трошоците ја зголемува рентабилноста на производството на млеко.

ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close