Вести
Ќе има ли денеска пари за земјоделците?
Ќе има ли денеска пари за земјоделците?
По шест месеци доцнење денеска се очекува на сметките на земјоделците да легнат парите од субвенциите.
Првично ќе се плаќаат субвенциите од 2015, како и некои од 2014 година, кои биле дополнително контролирани. Златков уверува дека до законскиот рок, 30 јуни, сите 92 милиони евра ќе им бидат исплатени на земјоделците.
Од Финансии се уште нема конкретен одговор дали и кога ќе стартува исплатата. Земјоделците, во петокот најавија дека ќе ги блокираат подрачните единици на Министерството за земјоделство, ако денеска не ги добијат парите, а и дополнително ќе одлучат какви ќе бидат нивните идни чекори.