fbpx
ВестиТоп вести

Ќе има ли вода за тутунот во прилепско? Вештечкото езеро нема вода

Тутунарите од Прилеп се плашат дека тутунопроизводството, во делот каде полето е покриено со хидросистемот, можно е да се намали за цели 50% доколку продолжи ваквата хидролошка состојба. Се сомневаат дека акумулацијата ќе се наполни до месец април затоа што, поради замена на темелниот испустен вентил, езерото беше комплетно испразнето лани во текот на есента.  Вентилот не се замени, а браната за да се полни со вода се затвори пред само околу 2 недели. Според тутунaрите загубите би се броеле во милиони евра.

„Доколку вода се долева од регионалниот водовод „Студенчица“ мислам дека  ќе имаме вода, онолку колку што треба за садење и за окопување. Но понатаму за наводнување, доколку не настапат некои врнежии јас не верувам дека нашето езеро ќе се наполни над 3 илии максиимум 3,5 милионии кубнии метри вода“, истакна Данчо Милески, претседател на здружение на тутунари „Мице Козар“.

Од Водостопанство „Прилепско поле“ смируваат дека вода ќе има доволно. Градежните работи за испустниот вентил биле завршени лани, а новата опрема не била поставена во месец јануари, бидејќи започнало нагло топење на снегот и наидувањена поголеми количини на вода, што ја спречило изведбата на работите.

„Согласно ланските податоци во месец април би требало да собериме 6 милиони кубни метри вода, ако хидролошките  услови се покажат како лани, ако не ние во текот на една сезона за наводнување доволно ни е да имаме од 3,5 до 4 милиони метри кубни вода за да имаме успешна сезона за наводнување“, Ѕвонко Талески, раководител на подружница „Прилепско поле“.

Дали ќе има вода или не, сепак најмногу ќе зависи од врнежите. Во моментов езерото има околу 600.000 метри кубни вода, а новиот вентил кој што го направи целиот проблем сега ќе се поставувал во октомври. Инаку овој проект се изведува преку грант на УНДП тежок 9 милиони денари.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close