вестиВиноМакедонијаТоп вести

Ќе настрада ли и годинава трпезното грозје во Tиквешијата?

Гледаме дека се инвестира во нови системи за наводнување во региони во државата каде немало вода заради климатските промени, тоа сега е потребно и тоа е добро, но треба да се балансира и со одржување на системите кои ги имаме и да не се запостави тоа што лозарите го инвестирале рече Васка Мојсовска претседател на националната федерација на фармери.

Алармот повторно се огласи во тиквешијата со последните топли денови. Сред лето и сред сезона за наводнување, кога е најзначајна водата за нивите, тиквешките лозари принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат за да спасат барем дел од инвестициите кои се најголеми за трпезните сорти на грозје. Иако произведуваат производ кој е главно наменет за извоз од кој државата има голем бенефит сепак со години се оставени мака да мачат и загуби да бројат заради лошиот квалитет предизвикан од недостиг на вода во периоди кога е најпотребна. Сликата во тиквешијата поразителна, насекаде се купуваат и масовно се бараат пумпи за испумпување на вода од каналите кои по слободен пад се полнат со вода од системот на тиквешко поле за да може со пумпите да префрлаат вода во горните зони каде се наоѓаат сериозни и квалитетни насади како на индивидуални производители така и на компании кои се со години реномирани во ова производство.

Системот е така направен да главната пумпна станица сместена во села Марена иако на број има шест пумпи сепак за ради амортизираност и дотраеност се постојано во дефект и наместо со наводнување надлежните постојано се занимаваат со поправки и крпење на нешто што уште лани па дури и пред две годни би требало да биде заменето со ново но никако за тоа да се има слух. Сега штетите ги трпат лозарите кои освен што инвестирале во квалитетни лозови плантажи со сорти кои  се доста барани за европскиот и рускиот пазар и инвестирале сите во системи капка по капка за да има рационално трошење на водата сега го гледаат родот како стагнира и ќе има намален квалитет и нема да може да се продаде. Лозарите велат, вака губиме сите и ние што инвестираме цела година и немаме производ и државата која губи сериозен девизен прилив од намалениот извоз на трпезното грозје. Уште поголем проблем е што кога еднаш ќе се изгуби некој тешко освоен пазар трговците ќе се снајдат од друго место за набавка на грозје и повеќе во следните години нема да се јават сметајќи ги нашите лозари за несериозен партнер.

-Системот кој е граден пред 30-40 години до пред некоја година кога се подигнаа и голем дел од новите лозови плантажи функционираше и немавме проблеми со наводнувањето, но од пред неколку години почнаа дефектите и сега сме дојдени до состојба да се снаоѓаме оние што можат да се снајдат или   да чекаме на врнежите што никако не е доволно. Луѓето тука масовно купуваат пумпи и на секаде ќе сретнете багери како копаат линии и поставуваат црева во земја да црпат со пумпите од каналите во долната зона што се дополнителни огромни инвестиции за оние кои тоа можат да си го дозволат. Лани имавме огромни загуби токму заради проблемите со водата кога откажаа сите шест пумпи во најжешкото и затоа со време укажавме дека тој проблем мора да се реши за да нема проблеми и годинава, но сезоната почна без вода и годинава. Во горната зона од која зависат од водата од пумпната станица во Марена која сега е во дефект зависат многу села и многу голема површина во селата Сопот, Тимјаник, Тремник, Дисан делови од Росоман, Кавадарци, и Неготино а на проблемот не му се посветува доволно сериозно внимание. Гледаме дека се инвестира во нови системи за наводнување во региони во државата каде немало вода заради климатските промени, тоа сега е потребно и тоа е добро, но треба да се балансира и со одржување на системите кои ги имаме и да не се запостави тоа што лозарите го инвестирале рече Васка Мојсовска претседател на националната федерација на фармери.

Во разговори со одговорните од тиквешкото водостопанство лозарите добиле уверување дека ќе има вода годинава и дека се работи на поправка на две од пумпите но досега од тоа ветување нема ништо. Се обидовме да добиеме став од водостопанството тиквешко поле но надлежните ниту се јавуваа на своите мобилни ниту одговараа на пораките за тоа дали и годинава ќе гори тиквешијата без вода кога е најпотребно.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close