fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ќе оди ли курбан? Која државна фирма должи 1,6 милиони евра за неплатена струја за 7 месеци?

АД „Водостопанство“ е државниот монопол што располага и управува со најголемиот државен имот - големи хидроакумулации. Нејзината основна дејност е да ги менаџира каналите за наводнување на илјадници хектари обработливи површини во големите македонски котлини од Полог и Пелагонија на запад преку Тиквешијата до Овчеполието и котлините во штипско, кочанско и струмичко поле.

Ќе најде ли Владата, како газда, спас за најголемиот монопол кој управува со системите за наводнување на сите хидро-мелиоративни системи во Македонија? Состојбата во компанијата веќе е очајна, немаат плата трет месец по ред, а дел од вработените бараат друга работа…Освен за струја компанијата за плати должи над 2 милиони евра, објави Фактор

АД „Водостопанство“ е државниот монопол што располага и управува со најголемиот државен имот – големи хидроакумулации. Нејзината основна дејност е да ги менаџира каналите за наводнување на илјадници хектари обработливи површини во големите македонски котлини од Полог и Пелагонија на запад преку Тиквешијата до Овчеполието и котлините во штипско, кочанско и струмичко поле.

Оваа најголема државна компанија е во многу тешка финасиска и кадровска состојба. Должи над пет милиони евра од кои 1,63 милиони евра се само за струја од почетокот на годинава па до крај на јули.

Ова е одговорот од раководството на АД „Водостопанство“:

-Вкупни долгови во висина од 323 милиони денари, од кои 118 милиони денари произлегуваат од трошоци за електрична енергија при што само фактурите за 2022 година заклучно со месец јули изнесуваат околу 100 милиона денари. Вкупните побарувања изнесуваат 363 милиони денари, соопштија од оваа државна компанија.

Компанијата која низ својата историја доживеа неколку спојувања и раздвојувања, а менуваше и формати од јавно претпријатие во здруженија на водостпоански заедници па да заврши како акционерско друштво сега се соочува со, веројатно најтешките моменти, во својата понова историја.

Неодамна бевме сведови на мирен штрајк на вработените во најголемата подружница „Брегалница“ од Кочани која оперира со најдолгата мрежа на канали за наводнување и ги снабдува со вода сите земјоделски површини од најголемата брана „Калиманци“ преку кочанско и штипско поле до Овчеполе.https://faktor.mk/kje-odi-li-kurban-koja-drzavna-firma-dolzi-16-milioni-evra-za-neplatena-struja-za-7-meseci

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close