fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ќе се даваат повеќе субвенции за пченица, помалку за цвеќе

24 култури сега се битни за државата и ќе добијат поголема поддршка. Станува збор за пченицата, сончогледот, маслодајната репка, афионот, а од зеленчукот култури како пиперката, зелка, домат, грав, компир, наброи Николовски.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека од следната година приоритет ќе им даде само на 24 земјоделски култури. Досегашната листа била проширена на околу 85 култури без приоритети за државата за време на кризата која се заканува со снабдувањето на исхграна.

– 24 култури сега се битни за државата и ќе добијат поголема поддршка. Станува збор за пченицата, сончогледот, маслодајната репка, афионот, а од зеленчукот култури како пиперката, зелка, домат, грав, компир, наброи Николовски.

Од приоритетната листа ќе отпаднат култури како ароматични и зачински растенија, тиква, диња, рукола и цвеќе. Министерот рече дека приоритетната листа е утврдена заедно со земјоделците.

Тоа според Николовски во кризните времиња ќе ги пренасочи земјоделците наместо да садат „кикирики и леќа“, ќе се занимаваат со производство кое е посоодвентно за новите времиња.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close