fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ќе се подобрува патната инфраструктура на земјоделските површини во Општина Градско

Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделски обработливи земјишта во општина Градско од село Виничани до месноста викана Свети Илија – (Ѓорѓиица) во должина од вкупно 900 метри (500м+400м). Договорот го потпишаа градоначалникот Роберт Бешовски и Игор Андреев раководител на ЦРВПР.

Општина Градско неделава потпиша договор со Центарот за развој на Вардарски плански регион за подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини.

– Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделски обработливи земјишта во општина Градско од село Виничани до месноста викана Свети Илија – (Ѓорѓиица) во должина од вкупно 900 метри (500м+400м). Договорот го потпишаа градоначалникот Роберт Бешовски и Игор Андреев раководител на ЦРВПР.

Како што информира за МИА градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски, средствата се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Реализација на проектот се очекува по завршување на постапката за јавна набавка кон почетокот на месец септември, најави Бешовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close