ВестиМакедонија

Паѓа Данокот на додадена вредност за некои услуги – но ќе паднат ли и сметките за граѓаните?!

Годинава помалку  треба да не чинат и фризурите, но и другите услуги во фризерските, шивачките чевларските салони.

Пониски сметки за ручек во кафеана, но ќе треба да издвоиме повеќе пари, ако закуската си ја нарачаме преку кетеринг. Годинава помалку  треба да не чинат и фризурите, но и другите услуги во фризерските, шивачките чевларските салони. Со новата година  стапија на сила законските измени, со кои се намалува Данокот на додадена вредност за одредени услуги. Тоа требаше да ги намали и цените кои ги плаќаат граѓаните за нив. Но бизнисмените се скептици. Велат после година со ковид-криза и рестрикции во работењето – не ќе можат веднаш да направат корекции. Угостителите велат прво треба да заздрават од шоковите.

ГЛЕДАЈЌИ КРАТКОРОЧНО ЗА ВОВЕДУВАЊЕТО НА НВАТА МЕРКА, НЕМА ДА ДОНЕСЕ НЕКОИ ЗНАЧИТЕЛНИ ПРОМЕНИ ВО УГОСТИТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА. МЕЃУТОА ДОЛГОРОЧНО ЌЕ ВЛИЈАЕ ПОЗИТИВНО ДА УГОСТИТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА СЕ РАЗВИВА, ОДНОСНО ОСТВАРУВА ПОГОЛЕМИ ПРОФИТИ. ОЧЕКУВАЊАТА ДЕКА МЕРКАТА ЌЕ ВЛИАЈЕ НА ПАД НА ЦЕНИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО, МИСЛАМ ДЕКА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ, ЗАТОА ШТО УГОСТИТЕЛИТЕ ЌЕ ТРЕБА ПРВО ДА ЗАЗДРАВАТ, А ПОДОЦНА СО РАЗВИВАЊЕТО НА УСЛУГИТЕ ПОНАТАМУ ДА ВОВЕДАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЦЕНИ ИЛИ СМАЛУВАЊА, ДОКОЛКУ ОСТВАРУВААТ ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ- ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ, НУК

Нова повластена стапка од 5 проценти има и за занаетчиските услуги. Тука влегуваат фризерските услуги, поправката на велосипеди, на чевли и производи од кожа, како и поправката на облека и постелнина.

И додека граѓаните чекаат пониски сметки, со новата година заедно со бизнисот го чекаат и петтиот пакет економски мерки. Владата најави дека на почетокот на 2021 ќе излезе со нова поддршка за граѓаните и фирмите за полесно справување со последиците од корона- кризата. Но, детали што ќе содржи новиот пакет мерки – нема. Се знае само дека тие ќе бидат слични на претходните.https://telma.com.mk/2021/01/01/%D0%BF%D0%B0%D1%93%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close