Ќе се прави проценка на штетите на полињата во Врапчиште
Заменик министерката за земјоделие се сретна со земјоделците од Врапчиште
Еден ден по жалбите на земјоделците од Врапчиште дека градот и невремето им ги уништи засадените полиња со жита, на терен излезе зм. министерката за земјоделство, Вјолца Бериша. Изјави дека општина Врапчиште и регионалната единица на Министерство за земјоделство ќе ги проценат штетите и потоа преку Влада ќе обезбедат средства за обештетување барем на материјалната штета на земјоделците.
„Комисија на регионалната единица на министерството ќе излезе на терен за да направи проценка на штетите. Претходно имам информација дека била и комисијата на Општина Врапчиште. Заедно ќе направиме записник за да дојде како барање во Министерство за потоа да се обезбедат средства преку Влада и секако дека ние ќе бидеме таму за да се увериме дека ќе има компензација на штетите. Физичкиот замор, трудот и духовниот аспект е нешто што не може да се компензира, но барем финансискиот аспект…“, вели Вјолца Бериша.