вестиТоп вести

Ќе се распише тендер за „зелена нафта“ за земјоделците

(Oвој напис е објавен на: февруари 6, 2019)

На земјоделците годинава трошоците за нафтата ќе им бидат покриени 30 отсто, но ситуацијата внимателно ќе се следи за да може да достигне 50 проценти, како што е предвидено во Законот.

По вчерашното усвојување на Уредбата со која се регулира исплатата на планираната поддршка од 200 милиони денари за „зелената нафта“, процесот е целосно откочен и може да се пристапи кон избор на економски оператор преку кој земјоделците ќе набавуваат субвенционирано гориво, рече денеска директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.

Пред настанот по повод новиот проект во земјоделството вреден 700.000 евра, Бабовски изјави дека изборот на операторот ќе биде јавен и максимално транспарентен.

На земјоделците годинава трошоците за нафтата ќе им бидат покриени 30 отсто, но ситуацијата внимателно ќе се следи за да може да достигне 50 проценти, како што е предвидено во Законот.

-Мораме да ја завршиме тендерската постапка, да се одбере соодветен економски оператор и потоа земјоделците да добијат „зелени“ картички, како што ветивме. Со картичките ќе можат да купат гориво за механизацијата – објасни директорот.

Според ресорниот министер Љупчо Николовски, со спроведувањето на „зелената нафта“ воопшто не се доцни. Напротив, испочитувани се сите рокови и што е најважно, како што рече, сите законски прописи.

-За „зелената нафта“ воопшто не се чекаше. Ако добро се прочита програмата на Владата може лесно да се констатира дека се следи секој дефиниран чекор. Работата беше макотрпна, посебно во делот на дефинирањето на методологијата за исплата на средствата, како и во делот на креирањето на законската основа. Се работи за пари на граѓаните. Мора да бидеме одговорни за трошењето на секој денари, а не па за 200 милиони денари – потенцира Николовски.

Од оваа година, подвлече, 55.000 земјоделски стопанства ќе добијат мерка за која се зборуваше десет години, но дури сега се реализира. „Зелената нафта“ значително ќе ги намали производните трошоци и ќе овозможи финален производ со дополнителна вредност, а тоа ќе значи и поголема конкуреннтост.

Тој откри дека во процесот на подготовка, разгледувани биле два концепта за исплата на поддршката: едниот со отворање нови трансакциски картички во соодветни банки, а другиот, сега веќе усвоен, набавка на гориво преку економски оператор. Првиот концепт бил веднаш исклучен откако се увидело дека ќе значи дополнителни трошоци за земјоделците.

– Го избегнавме моментот земјоделците да отвораат нови сметки во банка. Навистина беше потребно време да се изработи концептот, да се направат сите анализи и да се утврди методологијата – нагласи Николовски.


 

plusinfo.mk

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close