fbpx
Вести

Поскапувањата и акцизата ќе важат и за резервите на цигари

Производителите и увозници на тутун, односно компаниите од тутунската индустрија нема да можат да прават шпекулативни резерви за избегнување за плаќање акциза. Ова е една од новините од измените на новиот Закон за акцизи што е во собраниска процедура, со која се оневозможува на тутунската индустрија да има таложење на резерви кај дистрибутерот пред поскапувањето на цигарите со цел да се избегне плаќање на новите акцизи со што директно се оштетува буџетот.

poskapuvanjata i akcizata kje vazhat i za rezervite na cigari

 

Со новиот закон ќе се проверува и магацинот на дистрибутерот и на тој начин нема да се дозволи одлевање на средства од буџетот.

Со член 14 се предлага при промена на акциза и при промена на малопродажна цена на тутунски добра производителот и увозникот да направат попис и записник на затечени резерви на тие добра во своите складови, надвор од нив и во складови на увозникот.

Овластениот дистрибутер прави попис во својот склад и надвор од него и во складови на друштва поврзани со него и записникот за извршениот попис го доставува до Царинската управа.

Производителот и увозникот ја пресметуваат разликата од старата до новата акциза на затечените резерви кај себе и кај дистрибутерот и доставуваат барање за доплата на акциза до Царинската управа за што добиваат решение од Царина да доплатат во рок од 30 дена.

Оваа измена е дел од европската регулатива за спречување на шпекулативните резерви.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close