fbpx
ВестиТоп вести

Ќе се укине издавањето на евидентниот лист и тутунопроизводителите прво ќе склучуваат договори за производството и откуп на тутун

На вчерашната седница Владата го утврди најновиот текст на Предлог-законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Со донесување на предлог законот ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун со тоа што ќе се укине издавањето на евидентниот лист и тутунопроизводителите прво ќе склучуваат договори за производството и откуп на тутун, а откупувачот на тутун ќе има обврска да го внесе договорот во електронскиот систем за евиденција на тутун и внесените податоци да ги достави до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ќе се овозможи транспарентност во врска со содржината на договорот кој треба јавно да се објави најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство.


 

biznisvesti.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close