ГМО-лобито ја „превоспитува“ Владата?

Од генетски модифицираните организми (ГМО) регистрирани во светски рамки, досега не е евидентиран ниту еден штетен случај врз здравјето на луѓето, порачаа претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на трибината на оваа тема во Стопанската комора на Македонија.

Овој настан е организиран само неколку недели откако во јавноста беше откриено дека реномирана македонска компанија продавала шницли од соја со ГМО состојки, како и дека се откупувач од Кочани набавил ориз произведен од ГМО-семе. На трибината присуствуваа и експерти според кои досега нема студија која докажува дека ГМО храната е штетна по човечкото здравје.

Сите тие како да заборавија дека ГМО-храната е забранета во македонското законодавство и дека ваквите настани личат на перење на долниот веш на компаниите и на институциите кои не го почитувале законот или кои ги затвораат очите при контрола на храната.

Не треба да се заборави дека за продажба на незаконска ГМО храна компаниите поминуваат со казна од 5.000 евра и 1.700 евра за одговорното лице, што е смешно ако се земат милионските профити што ги прават „ваквите играчи“ продавајќи храна што е со закон забранета во Република Македонија.

Останува прашањето колку надлежните институции ги проверуваат сите производи што ги јадеме и кој знае што би се открило доколку има редовни контроли на сите производи.


 

emagazin

Share Button