fbpx
Вести

KFC затвора ресторани поради недостаток на пилешко

kfc

Ланецот ресторани KFC затвори стотина објекти ширум Британија поради недостаток на пилешко месо.

Ова разочара многумина љубители на пилешкото по проблемите со новиот систем за дистрибуција.

Минатата недела KFC го префрли својот систем на испорака преку DHL, кој ги обвинува „оперативните проблеми“ за прекин во испораката, јавува BBC.

KFC има околу 900 ресторани во Британија, а со повеќе од 80 проценти од нив се управува преку франшиза.

Затворањето на рестораните е забележано во Лондон, на југоистокот на Англија, во Мидланд, Источна Англија и Велс.

KFC досега се снабдуваше преку групацијата „Bidvest“, но по промената на договорот многу објекти останаа без производи од пилешко.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close