fbpx
Вести

Русија стана најголем производител на жито во светот

Русија излезе на прво место по производство на жито престигнувајќи ја Европската Унија. Тоа го соопштија експертите од Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО), цитирани од ТАСС, на започнатата сесија на Комитетот за светска храна и безбедност, во кој учествуваат сите земји-членки.

rusija stana najgolem proizvoditel na zhito vo svetot

 

ФАО ги зголеми прогнозите за светското производство на пченица на 742,4 милиони тони, најмногу поради зголемувањето на производството во Индија, САД и во Русија.

Русија на овој начин ја претекнува ЕУ и ја зазема позицијата на најголем производител на жито.

Рускиот министер за земјоделство Александар Ткачов на отворањето на форумот ги потврди експертските процени велејќи дека оваа година во Русија се очекува рекордна жетва, најдобра во современа историја на земјата, тешка 115 милиони тони жито.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close