вестиВиноТоп вести

Кинезите ќе кројат лозје во орбита за да направат вселенско вино

Bo обид да создадат конкурентно вино на светскиот пазар, Кинезите засадија лозја на падините на Тибет, во пустината Гоби и на карпестите планини во провинцијата Нингсјиа. Сега тие прават чекор понатаму, испратија лози во вселената.

kinezite kje dobijat lozje vo orbita za da napravat vselensko vino

 

Најновата вселенска лабораторија „Тјангонг 2”, која беше лансирана пред една недела, со себе носи избрани лози од сортите каберне совињон, мерло и пино ноар.

Кинеските научници се надеваат дека одгледувањето лозје во вселената ќе поттикне мутации што би ги направило поиздржливи на суровите климатски услови на новите региони со лозје, објави кинески сајт специјализиран за локалната индустрија на вино.

Економскиот подем на Кина ја трансформираше и винската индустрија. Земјата сега е најголем потрошувач на вино во светот и под лозје има поголема површина отколку Франција. Лозје се одгледува во сите региони, од жешките пустини до студените северни планини. Во Нингсјиа, на пример, лозарите се соочени со мраз и температури и до минус 25 Целзиусови степени, при создавањето вино што го споредуваат со француското бордо.

Ha само чекор до Пекинг се произведува најдоброто кинеско вино. Прекрасно вино. Ако го пробате со затворени очи, нема ни да си помислите дека е кинеско вели специјалистот за вина Фонгји Вокер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close