fbpx
ВестиВиноТоп вести

Сушата го исуши и грозјето и цените – Нова сезона со старо нови проблеми

Сушата го исуши и грозјето и ценитеНова сезона на грозје со старо нови проблеми

Бербата на  трпезното грозје е почната, а наскоро ќе почне и бербата на винскотогрозје. Како некое непишано правило почнуваат и проблемите на лозарите.  На стартот се на нова сезона ,но проблемите се истите оние што ги мачат години на назад. Цената на грозјето најмногу ги мачи.Не се задоволни од третманот на винарниците. Сметаат дека големите винарски визби тактизираат со цената која во моментот е непозната,  а тоа најмногу ги револтира производителите.  Сушата значително им го намали очекуваното производство, но ако се продолжи грозјето да се откупува по цена пониска од производната  ќе се откажат од лозаропроизводството.

ЗокиПешков од с. Ресава кавадречко е еден од оние регистрирани земјоделци кој живее од лозарството, но сега не знае како ќе излезе накрај со сите трошоци а и да го прехрани семејството. Сушата го исуши и грозјето и цените.

„Почнав да берам грозје, ама што ќе соберам? Од 3ха површина под лозов насад 80%  од грозјето ми е исушено. Од 3 декари темјаника собрав само 700кг. Имам  и други сорти смедеревка и вранец ама очекувам најмногу 8 тони . Цената не се знае,  сам плаќам здравствено и пензиско, а треба и да се живее од нешто. За проблемот со наводнувањето сме кажувале повеќе пати, ама нико јништо нема направено. Сушата го исуши грозјето, и нас ќе не исуши, вели Зоран Пешков  производител од с.Ресава.

Минатата година откупните цени на грозјето беа познати еден месец пред   почетокот на откупот. Сега има молк. Откупувачите не ги имаат покажано цените, а производителите се загрижени за она што остана од родот.

 

„Мизерни се  цените по кои се откупува грозјето. Триесет години се калкулирало со цените и ништо не е променето. Само што не почнал откупот, а никој не ги знае откупните цени. Не знаеме што да правиме.  Јас обработувам  3ха лозје со смедеревка,  шардоне , вранец и малце кардинал. Оваа година родот ќе ми биде помалза  20 %. Иако имам инсталиран систем капка по  капка, сепак сушата си го направи своето. Квалитетот  на грозјето е одличен, но откупните цени уште не ги знаеме“, вели  за Зелена берза ЃоргиМешков,  лозаро  производител од Кавадарци.

Производството на грозје е специфично , а инвестициите во него се големи, така што лозарите не може лесно да се преориентираат кон производство на друга култура доколку не им оди со грозјето, велат производителите.

Според  нивните пресметки, производната цена на еден килограм грозје изнесува 16 ден. Минатата година цената на смедеревката  беше  11ден/кг  плус  еден  денар за техничка зрелост и дополнителен еден денар од државата за предадено грозје, додека вранецот се откупуваше по 13ден/кг , плус денар за шеќерните единици и дополнителниот денар за предадено грозје.

„За разлика од другите култури каде, ако не му одговара на земјоделецот може да ја смени културата, овде  не е случај. Инвестициите се многу големи и за да се подигне еден ха со лозов насад потребна е инвестиција од 10 000 евра. Ако не се смени нешто во цената принуден сум да го ископачам лозјето. Вомоментов лозарите ги крепат оние 4800 ден субвенција  и она малку вино што сами ќе го продадат, но тоа се дополнителни маки. За да се мотивира лозарот дека  ќе биде добро, треба да му се даде воља барем со плус два денари“, објаснува Ѓорги Мешков.

Барајќи решенија неодамна лозарите организираа протест на плоштадот во Кавадарци.  Нивните заложби се насочени кон Владата да изврши притисоци врз винариите да ги коригираат ланските откупни цени на грозјето и истите да бидат поставени на нивните  црвени линии, 16 денари за смедеревка и 18 денари за вранец, велат  од Регионалното здружение „Напредни лозари“.

Тие бараат државата да скрои закон како за тутунот. И за грозјето да се знае однапред договорена количина со аванс и пари на сметка ако сака винаријата да откупува.

„Бараме нови законски решенија. Бараме кооперантски  односи, така се враќа вољата на лозарите, да имаме заштитна цена. Исто така бараме и слободен извоз, вели Трајче Кулев претседател на Регионалното здружение „Напредни лозари“.Може се’ да се направи и да се постигне цена, доколку се сака “, додава Кулев.

 

Од странана Владата и Министерот за земјоделие искажано е разбирање и спремност да се излезе во пресрет на барањата на лозарите. 

„Ние сме во редовна комуникација со лозарите. Имавме неколку состаноци со лозарите и винариите. Цената во оваа пазарна економија ја одредува пазарот и ние даваме основна финансиска поддршка. Ја следиме состојбата и ќе видиме како ќе се движи и како ќе заврши бербата,Министерството, односно Владата, ако има потреба ќе интервенира со дополнителна мерка. Точно е дека се очекуваа едни приноси, а гледаме какво е времето и високите температури сигурно влијаат и на приносот и на квалитетот. Ќе разговараме и со винариите, колкав е максимумот што тие може да го дадат од нивна страна и ќе пресметаме дали ќе треба да се интервенира, изјави за Зелена берза Министерот за земјоделство Трајан Димковски, при посетата на Агро саемот во Струмица.

Додека од министерството чекаат да видат како ќе се одвива откупот лозарите почнаа да собираат потписи,  петиција за, како што велат, поддршка на лозарите, за повисоки цени на грозјето, за достоинствен живот, за доброто на сите.

Во разговорите со лозарите најмногу ја посочуваат винарската визба Тиквеш. Велат дека порано оваа визба им го откупувала целото произведено грозје. Велат дека не е точно дека има вишок на грозје. Секогаш недостига грозје, велат лозарите.

Во врска со  целата проблематика  со откупот и цените на грозјето, Зелена берза се обрати до винарската визба Тиквеш, но за жал покуси сме со нејзин став и коментар за актуелните случувања.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close