Кивите се повеќегодишно качувачко листопадно растение, на чии фиданки спирално се распоредени големи темнозелени листови. Според изгледот, слична е на виновата лоза. Тие се релативно млада овошна врста. Започнале да се одгледуваат во Нов Зеланд пред 50 години, пред 20 во Франција, а после тоа во Италија и Грција.
Агроеколошки совети за одгледување на киви
Температура
Во текот на зимата, во периодот на зимското мирување, кратко време може да поднесе и температура од – 10°C. Но, со почетокот на вегетацијата, отппорноста на ладно нагло опаѓа, така што температурата од -1,5°C, за многу кратко време може да предизвика штета. Напролет многу се чувствителни на ладно, така што доцните пролетни мразеви нанесуваат прилично голема штета. Несобраниот плод, исто така може да настрада од есенскиот или раниот зимски мраз.
Вода
Кивите бараат многу влага во текот на сезоната на раст, така што неопходно е наводнување во подрачјата со нерамномерно распоредени врнежи со релативно ниска влажност на воздухот и високи летни температури.
Земјиште
Земјиштето мора да биде добро дренирано, со неутрална реакција. За одгледување неопходно е тешко земјиште, кое не е пропустливо или пак има зголемен pH и висока содржина на активен вар. Со оглед на тоа, дека коренот на кивите, главно се распростира плитко во длабочина на вкоренувањето, земјиштето треба да биде добро снабдено со хранливи материи.
Избор на места за подигнување на насади со киви
Младите и нежни делови, особено се осетливи на ветер, затоа кивите треба да се садат на места заштитени од ветер или се подигнуваат на ветрозаштитени појаси.
Подготовка на земјиштето за садење на киви
На предвидениот терен, потребно е претходно да се истражат хемиско – физичките својства на земјиштето, на основа на што се утврдуваат потребните мелиоративни зафати и гноење. Теренот мора да се исчисти и израмни и да се обработи. Предвидените количини на минерално ѓубриво, потребно е рамномерно да се растурат по целата површина, а потоа да се изора на длабочина од 40 см. Во насадите со киви, задолжително е поставување на соодветна арматура пред садењето или после завршеното садење во првата година.
Избор на подлогата за киви
Кивите во нашите околни простори најчесто се размножуваат со вкоренување на зрели и зелени резници од стебло или со пресадување на семеникот. Во некои земји, производството со калемење на садниците од киви, зазема поважно место, отколку производството со вкоренување на резници од стеблото. Како основаза производство со калемење служи семето на култивирани сорти на киви. Во околните простори најчесто се користи семето од сортата Бруно. При садење може да се користи било која садница според начинот на производство, а единствен услов е таа да има постигнат развој, односно квалитет.
Избор на сорти на киви
Кивите на нашите простори се нова култура, а може да се рече дека е нова и во интензивното одгледување и во светска мера. Во производството на насади, воведени се сорти „женски цвет“ и 2 сорти „машки“ цвет. Во светот, во експерименталните насади, а некаде и во производството, освен нив се одгледуваат и некои нови сорти. Воглавно, тоа се мутации на сортата Hayward.
Избор на облик на киви за одгледување
Двојна пергола. Ова е одгледувачки облик кој најчесто се применува во насадите со киви. Пред почетокот на неговото одгледување, потребно е да поставите арматура која се состои од Т – колони и три реда поцинковани жици. По садењето, садниците се скратуваат на два дела, од кои со почетокот на вегетацијата ќе избијат две млади, од кои горните ги насочуваме со помош на трски, а другите ги скратуваме на 20 до 30 см висина. Скратената фиданка, некое време служи како резерва на главната. Кога веќе не постои опасност од кршење на главната фиданка, целосно се отстранува помошната. Перголата ја обликуваме на висина од 190 – 200 см, така што до таа висина ја одгледуваме главната фиданка. Со добра агротехника, во првата година, до таа висина добиваме рамна и јака фиданка. Садењето на насадот, според тој состав на одгледување се одвива на растојание од 3,5 – 4,5 м помеѓу редовите и 5 м во редот.
Време и техника на садење на кивите
Садењето на кивите се одвива во текот на зимата или почетокот на пролетта, така што се препорачува подготовката на теренот да се направи во лето, односно во есента претходната година, а мелиоративната гноидба и длабокото орање, пред садењето. На садењето на насадите со киви, претходи колчење на редовите и местата за садење. Затоа се копаат дупки, толку длабоки и широки, за да во нив непречено може да се постават садници и малку арско ѓубриво.
Одржување на насадите со киви
Имајќи предвид, дека киви е растението кое плитко се вкоренува, во насадите не се применува честа обработка на земјиштето. Ако се применува обработка на земјиштето, таа треба да биде што е можно поплитка, дури толкава да овозможи надзор над развојот на плевелот и чување на влага во земјиштето, внимавајќи да не се оштетат корењата. На тешки земјишта, кивите даваат најдобри резултати, кога тлото постојано се држи и негува затревено. Кивите, како качувачки растенија, склони се на намотување околу наслонот, а за тоа да се избегне, во првата година мора да се изведат неколку пинцирања (обично 3) на главната фиданка. Пинцирањето се спроведува отприлика на секои 60 см, односно кога фиданката во својот врв почнува нагло да се завиткува, т.е на неколку сантиметри имаме 3-4 завиткувања. Со пинцирањето, тој дел се отстранува, а од пупката на врвот за неколку дена ќе се појави нов изданок. Со тој зафат на крајот од годината се добива рамна и доволно јака фиданка, како основа на идното стебло.
Резидба на кивите
Постојат два вида пупки: мешовити пупки кои даваат вегетативни и генеративни органи, и дрвени пупки кои даваат само вегетативни органи. Понатаму, кивите донесуваат род на изданоците од мешовитите пупки, а од дрвените пупки се појавуваат изданоци на кои нема цвет, па ни род. Зимската резидба се спроведува во време на мирување. Најповолно време за резидба е 20-30 дена пред почетокот на вегетацијата. Основна улога на резидбата е оставање најповолен број едногодишни родни изданоци и неродни и оној со кој ќе се спроведи замената на главните проводници. Бројот на оставени пупки зависи од сортата. Со зелената (летна) резидба се настојува да се отстрани 70-80% од вкупната маса, која се режи во текот на една година. Летната резидба има за цел аерација на крошната, како би се овозможило продирање на сончевите зраци до фиданката. Во текот на една година, обично се спроведуваат три зелени резидби. Првата се спроведува во април или мај, втората после цветањето, пред интензивниот раст на плодот, а третата на почетокот на август или порано.
Наводнување на кивите
Кивите се растенија кои не поднесуваат суша. Кај насадите се применува состав на наводнување капка по капка. Во првата година, доволна е една капалка по растение. Во втората година се додава уште една цевка со капалка, а во подоцнежните години, ако е потребно се додаваат уште две. Други, многу често препорачани начини на наводнување се распрскување над крошната (киснење) и примена на распрскувачи нависина над 60 см на почвата.
Гноење на кивите
За првите две години се препорачува секое растение во насадот да се гнои индивидуално со азотно ѓубриво, според начелото – помалку, а почесто. Во првата година 30 г уреа се дели во 3-4 оброци и се применува на 1-2 метри околу садниците во текот на вегетацијата (ако насадот се наводнува, тогаш од март или април до август). Следната година, двојно се зголемува гноената површина и количината на ѓубриво. Третата година, веќе може да се гнои целата површина и тоа во два оброци (пр.25 кг/1000 м2 уреа во март, потоа 12 килограми / 1000 м2 уреа во мај). Погодни се уредите кои може да се внесат и да се примени ѓубрење со помош на состав за наводнување.
Берба на кивите
Плодовите на кивите треба да се собираат кога ќе достигнат физиолошка зрелост. Доста е тешко да се одреди времето за берба, затоа што на плодот од надворешна страна не се случуваат промени, како кај другите овошни видови. Оптималното време за берба се движи од крајот на октомври и во првите денови од ноември. Плодовите се собираат во дрвени сандуци (гајби) и се чуваат во контролирани услови (ладилници).
Зелена берза