fbpx
Вести

Ќе бидат ли лубениците ова лето „солени“?

Во струмичко Колешино, кое е најголемиот производител на лубеници во земјава, бербата е во полн ек. Во зависност од квалитетот, откупната цена се движи од 6 до 8 денари за килограм, со тенденција таа да се зголеми.

kje bidat li lubenicite ova leto soleni

 

Земјоделците тврдат дека откупната цена одговара после неколку сушни откупни години , но за жал количините се преполовени, што поради намалените засеани површини, што од климатските промени. Велат дека поради ниските откупни цени од лани многу малку земјоделци се одлучиле да одгледуваат бостан.

Од струмичко Колешино секој ден се откупуваат по околу 200 до 250 тони лубеници. Тие се извезуваат најмногу во Чешка и во Босна, а побарувачката доаѓа и од Бугарија, Романија, Белорусија.

Трговците велат дека можно е откупната цена на лубениците да се зголеми бидејки во Грција производството привршува, а во Бугарија и Србија допрва се очекува да почне.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close